Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „Невестинско поклонение“ 2023  се одржа во кривопаланечкото село Конопница
Македонија

„Невестинско поклонение“ 2023 се одржа во кривопаланечкото село Конопница

05/03/2023

AA

Три пара невести и нивните свекрви од три различни краеви на државата денеска беа учеснички на 14-та по ред манифестација „Невестинско поклонение“ во црквата „Св.Теодор Тирон“ во кривопаланечкото село Конопница.

Манифестацијата го негува пост-свадбениот обичај на поклонение на невестите венчани помеѓу две Тодорови саботи и нивните свекрви, според кој, се поклонуваат пред светецот за род и пород во семејството.

Покровител на настанот е Општина Крива Паланка, организатор РЗР „Патник“, а куриозитет годинава беше учеството на невестата од познатата Галичка свадба.

-Традицијата е идентитет и белег на нашиот народ, а тие, сочувани преку „Невестинското поклонение“ како обичај што ги негува семејните вредности денес не собраа тука, во Конопница, во црквата „Св.Теодор Тирон“, не сполотија заедно, млади и возрасни, да им се радуваме на вредностите што не обединуваат и одликуваат како народ. Денешната манифестација е карактеристична што за првпат, учествува невестата од Галичката свадба,што ја прави манифестацијата „Невестинско поклонение“ обединувачка на сите свадбени и постсвадбени обичаи обоени со колоритот на богатиот македоснки фолклор и традиција. Вредностите на семејните врски и нивната круцијална важност за општеството како аманет ги пренесуваме од поколение на поколение, чувајќи ги од заборав- одржувајќи ги денес како мост за иднината. Општина Крива Паланка е покровител на манифестацијата и ќе продолжиме да ја негуваме како дел од идентитетот на нашиот народ, рече градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски.

На настанот присуствуваа министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, претставници од Советот на Општина Крива Паланка, како и бројни граѓани и туристи.

-Манифестацијата е и во симболот на тролисната детелина – основа на црквата, со три пара невести и свекрви, од три различни краеви на нашата убава држава и историско, учество на невестата од Галичка свадба, од минатата година, Елена Димитрова со свекрвата. Учестуваат и Берта Санева од Штип и Марија Стојановска од Крива Паланка, заедно со своите свекрви. Галичкиот пар снаа-свекрва беше дотеран во оригинална Галичка носија од збирката носии на Достана Караѓозоска, а и останатите носеа автентични носии, секоја од својот крај. За оваа година успеав и да комплетирам машка носија од кривопаланечко, а изработив и календар за манифестацијата за следните 100 години, почнувајќи од оваа година, изјави иницијаторот за обнова на манифестацијата од РЗР Патник, Стојанче Величковски.

Свештениците од кривопаланечкото архиерејско намесништво им читаа молитва за зајакнување на брачни врски на невестите, а во дворот на црквата се одржа и водосвет.

За културната програма се погрижиија музичка група и КУЗ „Карпош“.

По завршување на културната манифестација РЗР „Патник“ ќе го распише Меѓународниот конкурс за карикатура, како дел од Годишната програма за култура на Општина Крива Паланка од општината и јавните институции и здруженија од регионот.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy