Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 НЕВЕРОЈАТНО: РЕК Битола потрошил 260 милиони евра, а произвел помалку јаглен
Економија

НЕВЕРОЈАТНО: РЕК Битола потрошил 260 милиони евра, а произвел помалку јаглен

30/09/2024

AA

АД ЕСМ минатата година за РЕК Битола потрошил неверојатни 260 милиони евра во текот на 2023, со што е доведено во прашање исплатливоста на работењето на рударско-енергетскиот комбинат. Разликата за една година е повеќе од 100 милиони евра. Отстапувањето од самиот годишен план било безмалку 80 милиони евра.

ЕСМ во самиот годишен финансиски извештај објавен на „Македонска берза“ признава дека се фрлиле многу пари за ископ и транспорт на јаглен, а од друга страна биле пронајдени многу помалку количества од фосилното гориво. За ископ се потрошиле 47 милиони евра, односно двојно повеќе од една година претходно, според отчетот, а ефектот од тоа бил далеку послаб по една измината година.

„Трошоците за ископ и транспорт на јаглен во кило џули за период 01.01.-31.12.2023 година се
1.195.391 илјади денари и бележат зголемување од 894.913 илјади денари или 297,83  отсто во однос на истиот
период минатата година. Произведени се 3.717.200 тони јаглен односно за -25,72 отсто помалку во однос на
истиот период од 2022 година кога се произведени 5.004.100 тони јаглен. Произведениот јаглен во рудник Суводол претставува 62,78  отсто од вкупното производство на јаглен“, пишува во извештајот.

Енормно зголемените трошоци што ги прави РЕК Битола се оправдуваат и со зголеменото купување на увозен јаглен. Зголемена е и потрошувачката на мазут од 28,9 илјади на 37,25 илјади тони во РЕК Битола.

„Најголемо вредносно зголемување од 6.693.451 илјади денари има кај
РЕК Битола поради зголемување на трошокот за набавка на јаглен за 3.578.539 илјади денари, трошокот за
откоп на јаглен и јаловина за 1.127.679 илјади денари, зголемениот трошок за мазут за 188.752 илјади
денари и друго“, реферираат од државните електрани, коментирајќи ги трошоците по подружници.

Она што паѓа во очи се енормно зголемените трошоци за надворешни услуги на ниво на ЕСМ. За тековно одржување се зголемени од 10 на 15 милиони евра. За ремонтни активности се зголемени од околу половина милион евра на безмалу 3,5 милиони евра. Вкупно, за услуги се платени 75 милиони евра, или 26,5 милиони евра повеќе за една година. Во отчетот се нагласени зголемените расходи за ангажирање на механизација од надворешни приватни оператори, а таму еве што пишува:

„Трошоците за откоп на јаглен и јаловина за период 01.01.-31.12.2023 година се во износ од
2.876.063 илјади денари и се зголемени за 1.478.019 илјади денари или 105,72 отсто во однос на истиот период
минатата година додека во однос на планот се зголемени за 39,23 проценти. Зголемувањето на трошоците се
должи пред се на:
1.Трошоците кои опфаќаат ископ, транспорт, одлагање и разатирање на јаловина на далечина од 1.500-
3.000 метри за период 01.01.-31.12.2023 година, тие се 390.686 илјади денари и се намалени за – 60.574 илјади
денари или -13,42  отсто.
2. Трошоците за ангажираната дисконтинуирана механизација од надворешни фирми за период
01.01.-31.12.2023 година се остварени во износ од 939.646 илјади денари и бележат зголемување од
293.340 илјади денари односно 45,39 отсто во однос на истиот период 2022 година и истите се однесуваат на
ангажирање на услуги од градежни машини заради создавање на услов за формирање на нови траси и
објекти за одводнување како и создавање поволни услови за работа на рудникот. Потребата од ангажирање
на механизација од надворешни фирми се јавува како резултат на недостатокот на сопствена механизација“, потврдува извештајот.

Во рамки на големите трошоци имало и инвестициски активности.

„Најголем дел од инвестиционите активности се вложувања во отварање и екплоатација на рудник ПЈС (РЕК
Битола) во износ од 205.299 илјади денари, санација на кула Блок 2 (РЕК Битола) во износ од 182.385
илјади денари, инвестициска откривка Брод Гнеотино во износ од 535.153 илјади денари, докапитализација
термо (РЕК Битола) во износ од 215.549 илјади денари, систем за хомогенизација на јаглен во износ од
115.375 илјади денари, нов трансформатор (РЕК Битола) во износ од 336.211 илјади денари и репарација на
стар во износ од 108.891 илјади денари, опрема за фотонапонска централа износ од 64.352 илјади денари,
топлификација инфраструктура во износ од 644.681 илјади денари, механизација во РЕК Битола и друго“, додаваат од ЕСМ.

А.К.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

А НА КОЈ ЈАЗИК СИНОТ НА ТАЛАТ ЏАФЕРИ ГО ПОЛОЖИ

19/04/2026
Македонија

ДОЈАВИ ЗА БОМБИ ВО ИСТ ГЕЈТ МОЛ И ВО ДАЈМОНД

19/04/2026
Македонија

МИЦКОСКИ ОСТАВА ОБВИНИТЕЛСТВО ДА РЕШИ ЗА КРИВИЧНАТА ОД СДСМ Премиерот

19/04/2026
Македонија

СПАСЕН ЖИВОТ СО ПРЕСАДЕН ЦРН ДРОБ Од донорот е пресаден

19/04/2026
Македонија

СТЕРЈО ПАПУЛИ Е НОВ ЛИДЕР НА ПАРТИЈАТА НА ВЛАСИТЕ Партијата

19/04/2026
Македонија

МИЦКОСКИ НЕГИРА ДЕКА ВЛАСТА АНГАЖИРАЛА КОМПАНИЈА ДА ЈА СЛЕДИ ОПОЗИЦИЈАТА

19/04/2026
Македонија

Мицкоски: Македонија е меѓу првите три земји во Европа по

19/04/2026
Македонија

ЛАЖНИ СЕ ДОЈАВИТЕ ЗА БОМБИ ВО ТРГОВСКИТЕ ЦЕНТРИ Полицијатa ги

19/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42649
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

А НА КОЈ ЈАЗИК СИНОТ НА ТАЛАТ ЏАФЕРИ ГО ПОЛОЖИ ПРАВОСУДНИОТ ИСПИТ? Вреди за лицемерието

19/04/2026

Со својот глас и потпис, Талат Џафери и ДУИ го изоставија албанскиот јазик од правосудниот испит. Значи, не само што

ДОЈАВИ ЗА БОМБИ ВО ИСТ ГЕЈТ МОЛ И ВО ДАЈМОНД МОЛ Полицијата врши проверки

19/04/2026

Дојави за поставени експлозивни направи во трговските центри „Ист гејт“ и „Дајмонд“ во Скопје пристигнале денеска на електронската адреса на

МИЦКОСКИ ОСТАВА ОБВИНИТЕЛСТВО ДА РЕШИ ЗА КРИВИЧНАТА ОД СДСМ Премиерот порача дека Беџети има каде

19/04/2026

Премиерот Христијан Мицкоски денеска на прес-конференција во Владата рече дека не сака да ја коментира кривичната пријава од опозицискиот СДСМ

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy