
Неверојатно: Фудбалер на Мајнц доби отказ поради објава со симпатии кон Палестина!
Холандскиот интернационалец е отпуштен само еден месец по доаѓањето кај бундеслигашот, чија управа објавија дека се нашла во „ситуација што не се толерира“. Според италијанскиот новинар Фабрицио Романо, фудбалерот во објавата ја употребил фразата „Од Реката до Морето“, која била сметана за навредлива за Евреите.
Ел Гази кариерата ја почна во Ајакс, потоа играше за Лил, Астон Вила и Евертон, додека пред летово да замине во Мајнц го носеше дресот на ПСВ.

