Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 НЕВЕРОЈАТНИ СЛИЧНОСТИ ВО ТРАГЕДИИТЕ ВО КОЧАНИ И ВО КРАН МОНТАНА Нелегалните „дотерувања“ на објектите и пиротехниката фатални за гостите
Македонија

НЕВЕРОЈАТНИ СЛИЧНОСТИ ВО ТРАГЕДИИТЕ ВО КОЧАНИ И ВО КРАН МОНТАНА Нелегалните „дотерувања“ на објектите и пиротехниката фатални за гостите

28/01/2026

AA

Нелегалните реновирања и користењето пиротехника основни причини за пожарите во Кочани и во Кран Монтана

Сличностите меѓу трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“ и пожарот во швајцарскиот бар-клуб „Ле Констеласион“ во Кран Монтана се вознемирувачки. Во двата случаи фаталниот ризик не бил некоја потпишана лиценаца или дозвола издадена некогаш одамна, туку бил создаван во сегашноста, преку реновирањата на локалите, користените материјали,  начинот на користење на просторот и недостатокот на отчетност за тие промени.

Случајот во Кран Монтана е само уште една потврда за она што во претходните години се случувало и во кочанската дискотека, односно како модерните адаптации ја поништуваат безбедноста во просторот. Иако Швајцарија важи за земја со ригорозни стандарди, истрагата за пожарот во барот откри дека клучниот дефект бил во огромната дискрепанца помеѓу одобрениот проект и изведената состојба при последната реконструкција реализирана во последните пет-шест години.

Кога естетското реновирање станува фатално

И двата објекта, иако во различни држави, споделуваат идентична кобна нишка,  радикални и неодобрени реновирања на локалот, кои во целост ја промениле физиономијата на просторот.

Во обвинителниот акт за Кочани, кој е на 166 страници, меѓу доказите има и фактури за набавка на сунѓери/материјали поставени како аудио-изолација. Дополнително, во јавните соопштенија за предметот се наведува дека објектот немал дозвола за реконструкција и недостасувале клучни проектни и безбедносни документи, вклучително и посебен извештај за заштита од пожари, експлозии и опасни материи, што ја става „реконструкцијата без трага“ во центарот на одговорноста.

Вештачењето во двата случаја ги потенцира пропустите во материјалите кои се користени во реновирањето, суштински сменети ентериери, заклучени врати и неизвестувањето на надлежните институции за промените.

Вештаците докажаа дека новата изолација поставена на таваните делувала како катализатор. Наместо да го задржи пламенот, таа почнала да се топи и да капе, создавајќи секундарни жаришта. Оваа техничка реалност болно соодветствува и во Кран Монтана и со сведоштвата на преживеаните во Кочани, кои опишуваат пеколна температура и неможност да се најде излез во простор кој станал непрепознатлив.

Правдата бара прецизност, а не бркање вештерки

Заклучокот на швајцарските вештаци е прецизен – одговорноста не може да се бара кај комисијата која го одобрила објектот при неговата изградба пред многу години. Вината лежи кај сопственикот кој не пријавил „суштинска измена на ентериерот“ и кај инспекцискиот надзор кој пропуштил да изврши увид по завршувањето на занаетчиските работи во сегашноста.

Иако трагедијата во Кочани од 2024 година, која деновиве добива своја судска разврска со потресни сведоштва, покажува дека проблемот не е во „папирот“ издаден пред една деценија, туку во тоа како сопствениците го уредиле просторот, обвинителниот акт сервира приказна за долг период на системски пропусти и непостапувања, со голем број докази и сведоци.

Слично на швајцарскиот случај од јануари 2026 година, каде барот бил реновиран со лесно запаливи материјали без соодветна инспекција од 2019 година, така и „Пулс“ во годините претходно претрпел измени кои дискотеката ја претвориле во пеколна стапица. Сведоштвата на преживеани од Кочани опишуваат дезориентација поради густиот чад и поради неможноста да се најдат излезите, укажуваат на тоа дека внатрешната архитектура била изменета на начин што го оневозможил безбедното евакуирање.

„Немаше светла за итен излез, а просторот беше толку преграден што во чадот не знаевме каде е вратата,“ се наведува во дел од изјавите.

Во објектот немало ниту противпожарни апарати на видливи места, а биле користени пиротехнички средства. Сето тоа се одлуки донесени во сегашноста, а не при потпишувањето на првичните решенија за работа.

Наместо да се дефокусира, мора да се цели кон изворот на ризикот

Трагедиите во Кочани и во Кран Монтана не се само несреќни случаи, тие се резултат на „модернизирање“ на објектите на сметка на безбедноста. Кога се менува структурата, мора да се менува и безбедносниот протокол. Клучното прашање што го наметнуваат досегашните јавно достапни информации и во двата случаја е дали сопствениците ја одржувале безбедноста како тековна обврска, особено по интервенции во ентериерот, акустични облоги, изолации, организација на просторот и практики како употреба на пиротехника. Ова го прави барањето одговорност кај минатите администрации дефокусирање од вистинскиот проблем – постапките и одлуките на сопствениците.

Заклучокот што произлегува од оваа паралела се наметнува сам по себе: безбедноста во објекти со масовни собири не е „архивирана хартија“, туку жива обврска што мора да се докажува со секоја промена. Ако правдата треба да биде точна, таа мора да ја лоцира одговорноста таму кадешто ризикот бил реално создаден и оставен да постои – во изведената состојба, во пропуштените контроли и во одлуките што ја претвориле архитектурата во стапица.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

04/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

04/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy