
Неверојатна трансформација на Звезда за два дена: Прими 100 поена од Асвел, па го задржа Милано на 62
Ако се знае дека до тој меч Асвел беше најслаб тим во Евролигата, неверојатна е трансформацијата на „црвено-белите“ во период од само 48 часа. Одбраната на Звезда беше на нивото од дуелот со Партизан, Олимпија Милано играше само во првите 7-8 минути, а потоа наиде на ѕид на противничката половина.
По 15-14 за домашниот тим, Звезда направи 17-2 и поведе со 32-17 на средината на вториот квартал со тоа што малку подоцна разликата отиде и на 18 поени (37-19). Со серија од 9-0, Олимпија стопи голем дел до негативата на стартот од второто полувреме, во последниот квартал италијанскиот првак се доближи на само пет поени негатива, но Звезда не дозволи пресврт и оствари исклучително важна победа.
Гиедраитис продолжи со одличните настапи и постигна 22 поена, Боломбој додаде 14, но повторно огромен придонес имаше Теодосиќ со своите магични асистенции. Бортолани со 14 поени беше најефикасен кај Олимпија Милано.
РЕЗУЛТАТИ
Фенербахче – Баерн 98-92
Панатинаикос – Монако 88-63
Олимпија Милано – Црвена Звезда 62-76
Реал – Валенсија 96-86
