
Неуспешна генералка и свирежи за Англија, Исланд славеше на Вембли (ВИДЕО)
Англичаните вечерва загубија на Вембли од Исланд со 0-1 и во лоша атмосфера ќе го дочекаат континенталното првенство на кое се надеваат дека ќе дојдат до првиот трофеј во својата историја. За своето очајно издание против селекцијата која воопшто нема да игра на Еуро, избраниците на Герет Саутгејт беа исвиркани од навивачите на Вембли кои очекуваа многу подобра игра и сигурна победа.
Единствениот гол на мечот го постигна Торстеинсон во 12. минута, а интересно е тоа што во преостанатиот дел од мечот Англија не го загрози сериозно противничкиот голман. За 90 минути упати само еден директен удар. Во второто полувреме Саутгејт направи неколку измени, но ни новите играчи не придонесоа за подобра игра и евентуално израмнување.
По овој пораз, Англичаните имаат девет дена да се подготват за првиот натпревар на Европското првенство кој го играат на 16 јуни против Србија во Гелзенкирхен.
Од останатите пријателски натпревари вечерва, Германија со пресврт ја победи Грција со 2-1, а Полска немаше проблеми против Украина и триумфираше со 3-1.