
Несторовски имa три понуди да остане во Италија, ама и најконкретна за преселба на – Кипар
Италијански медиуми кои во изминативе денови објавуваа дека неговиот екс-клуб Палермо, како и Венеција, два бивши калчолигаши се пак загреани за да го ангажираат, во моментов прилепчанецот на маса има понуда од три италијански клубови и една многу конкретна од Кипар.
Третиот италијански клуб е Пиза, додека АПОЕЛ има желба да донесе искусен центарфор, но сѐ останува на Несторовски да реши каде сака да ја продолжи кариерата, зашто веќе извесна е неговата разделба со Удинезе по четири сезони соработка. Сезонава, Несторовски даде два гола и имаше две асистенции во 21 меч за црно-белите.
Привлечноста на понудата на Кипар е можноста Несторовски да игра и европски мечеви, а во АПОЕЛ своевремено голем белег оставија два бивши македонски репрезентативци, Бобан Грнчаров и Иван Тричковски, кој играше и четвртфинале на ЛШ со гигантот од Никозија, а потоа стана легенда на АЕК Ларнака откако се врати на Кипар.
