
Несторовски ќе игра за Асколи, утре лекарските прегледи
Несторовски пред десет дена беше на пат кон Тернана, па се случи првиот пресврт и Козенца изби како фаворит, ама пред два дена Асколи излезе во предност, кога и Сампдорија влезе во трката и на крај, Асколи го добива потписот.
Детали од договорот на Несторовски со новиот клуб засега нема, освен потврдата од еден од трансфер-експертите Џанлука Ди Марцио од италијански Скај дека сѐ е договорено.
Несторовски во Италија е од летото 2016 година кога дојде во Палермо, а три години потоа се пресели во Удинезе каде мина четири сезони, но летово му заврши договорот и беше слободен играч.
