
НЕСТОРОВИЌ: Треба да се подготвуваме за напад на Косово
Лекарот и носител на листата „МИ-ГЛАС ИЗ НАРОДА“ Бранимир Несторовиќ неодамна изјави дека Србија треба да се подготви за напад на Косово и за војна.
Како што објави Нова .рс, неодамна Несторовиќ во гостувањето на каналот Балкан инфо што се емитуваше на 20 јануари изјави дека Србија има сила да го освои Косово.
Несторовиќ, долгогодишен близок соработник и поддржувач на српскиот претседател Александар Вучиќ повикува на војна против Косово и вели дека Србија треба да се подготви за инвазија во погоден момент, и преку својот профил на Икс повикува доброволци кои ќе се пријават за „мисијата ослободување“ на Косово и Метохија.
Несторовиќ, пред една година беше означен како агент на Путин број 14 на листата ТИПАРС од списокот на агенти на рускиот претседател Владимир Путин, кој го состави „Октомвриската група“, кој наиде на осуда од јавноста, вклучително и новинарските здруженија, има 44 лица од јавната сфера на Србија, од носители на јавни функции, обезбедувачи, до новинарите.