
Нестабилно време со повремени врнежи од дожд во следните денови
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и југоисточен правец, кој наместа долж Повардарието повремено ќе засилува. Максималната температура ќе биде во интервал од 14 до 20 степени.
Времето и метеоролошките параметри за Скопје: Променливо облачно со повремен дожд, особено кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. T=18°C. P=983hPa. U=60%. V=3m/s.
Следува период на променливо облачно и нестабилно време со повремени локални врнежи од дожд. Наместа ќе има услови за појава на грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен јужен ветер.
