
Несреќа во „Макстил“, животот го загубил вработен во производствениот погон
Утрово во производствениот погон на „Макстил“ се случила несреќа во која животот го загубил вработен во компанијата.
„Би сакале да ја информираме јавноста дека денеска во утринските часови се случи несреќа во производствениот погон на Макстил каде животот го загуби наш вработен.
Веднаш беа алармирани сите надлежни служби кои направија записник од настанот и е започната истрага за причините за несреќата.
Макстил ги отстапува сите свои човечки и материјални ресурси, за помош во истрагата за откривање на причините за оваа несреќа.
Нашите мисли и целосна поддршка се со семејството на нашиот колега“, соопштија оттаму.