
Несреќа на патот Стража-Кичево, се судрија четири возила
Попладнево на регионалниот пат Стража–Кичево, во близина на селото Коларе, се случи сериозна сообраќајна несреќа во која учествуваа четири патнички возила.
На лице место интервенираа екипи од Итната медицинска помош и припадници на полицијата кој вршат увид.
Според информациите, има повредени лица.
Патот беше во застој, што предизвика големи колони.
Возачите кои се движат по овој патен правец се повикуваат на претпазливост и почитување на сообраќајните правила.