Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Крај на бумот на фриленсерите: Намален е нивниот број во Македонија и Албанија
Економија

Крај на бумот на фриленсерите: Намален е нивниот број во Македонија и Албанија

30/05/2025

AA

Во првата половина од 2025 година, бројот на гиг-работници продолжи да се намалува поради комбинација од глобална економска несигурност, заситеност на пазарот, зајакнување на локалните можности за вработување и сè поизразена миграција на млади луѓе од регионот. Бројот на активни гиг-работници во Југоисточна Европа продолжи да се намалува во првата половина од 2025 година. Според најновите податоци на Gigmeter, кои денеска ги објави тимот на Центарот за истражување на јавни политики, бројот на работници на платформите се намалил за дополнителни 0,7 отсто.

Иако благ, овој пад е четврти по ред – сигнал дека бранот на раст е запрен. Работниците од областите на развој на софтвер и креативни услуги најмногу го напуштија дигиталниот пазар на трудот: дури 90 отсто од работниците што го напуштија пазарот доаѓаат од овие две професии.

„Промените што ги забележуваме не можат да се толкуваат изолирано“, вели Владан Ивановиќ, главен истражувач на Gigmetra и редовен професор на Економскиот факултет во Крагуевац, пренесува bizlife.rs.

Вели дека тоа е последица на комбинираниот ефект од глобалната економска неизвесност, побавниот раст и локалните фактори како што е зајакнувањето на домашниот пазар на трудот, кој денес нуди подобри можности за вработување стручна работна сила во споредба со претходниот период. 

Upwork останува најдоминантната платформа со 55,6 отсто од вкупниот пазар, но нејзиниот удел е во опаѓање. Freelancer и Guru забележаа зголемување – особено Freelancer, со раст од 4,8 отсто. 

Романија е единствената земја во регионот што забележа зголемување на бројот на работници на сите три платформи. Најголем пад е забележан во Албанија и Северна Македонија, и во апсолутни и во релативни бројки.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Муцунски: Загрижени сме поради последните инциденти со дронови во Романија

26/07/2026
Македонија

Историски случај во Македонија: Жена на 61 година го роди

26/07/2026
Македонија

Во Гостивар првите симптоми се појавиле пет дена порано

26/07/2026
Македонија

„И Здравје и Работа“: Доста е од дезинформации – време

26/07/2026
Македонија

Пронајдени човечки останки кај македонско-албанската граница

26/07/2026
Македонија

Мицкоски: Скопје памети, Македонија не заборава – вечен спомен за

26/07/2026
Македонија

Приведени осум лица – при преглед кај нив е пронајдена

26/07/2026
Македонија

Хорор во скопско село: Ја фатил мајка си низ прозорецот

26/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44677
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Муцунски: Загрижени сме поради последните инциденти со дронови во Романија

26/07/2026

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, изрази сериозна загриженост поради последните инциденти со дронови во Романија и

Историски случај во Македонија: Жена на 61 година го роди своето прво дете

26/07/2026

Македонска двојка на 61 и 71 година за првпат стана родители, откако во болницата „Д-р Органџиски“ успешно била реализирана сложена

Во Гостивар првите симптоми се појавиле пет дена порано

26/07/2026

Стотици жители на Гостивар побарале лекарска помош поради стомачни тегоби неколку дена пред надлежните официјално да прогласат епидемија, покажуваат податоците

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy