
Нереални снимки – oва беше рамна земја во Турција, сега е огромен кањон
Помина една недела од катастрофалниот земјотрес во југоисточна Турција. Најмалку 36.000 луѓе загинаа и има се помалку надеж да се најдат преживеани.
Штетите се собираат и се размислува за размерите на минатонеделниот страшен земјотрес.
Оваа снимка од дрон прикажува маслинки во Турција уништени од потреси.
Карпата пукнала и настанала пукнатина широка 200 метри.
Новосоздадениот кањон е длабок 30 метри и зафаќа површина од 35 хектари, пишува Ал Џезира, која ја објави снимката од дрон.
Погледнете ја нереалната снимка.