
НЕРАСЧИСТЕНИ ОДНОСИ: Повредено едно лице по пукањето во Куманово
Од СВР Куманово информираа дека попладневното пукање било поради нерасчистени односи.
Тие велат дека случајот бил пријавен во 17:17 часот, кога било пријавено дека на улицата „Борис Кидрич“ во Куманово 44-годишниот М.С. испукал со пиштол и го повредил Т.Ш.(49) во пределот на нозете.
„Според пријавеното, причина биле меѓусебни нерасчистени односи. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од СВР Куманово.
Претходно од кумановската болница соопштија дека кај нив со возило на итна помош било донесен повредениот со две прострели рани во двете нозе, а истото поради сериозноста на повредите, е однесено во една од скопските клиники за понатамошно лекување.
