Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „НЕРАБОТНИЦИ“ ОД ЦЕЛИОТ СВЕТ, ПРИЈАВЕТЕ СЕ – изборот е во Хрватска, а еве кои се условите за да победите
Економија

„НЕРАБОТНИЦИ“ ОД ЦЕЛИОТ СВЕТ, ПРИЈАВЕТЕ СЕ – изборот е во Хрватска, а еве кои се условите за да победите

04/12/2024

AA

Се бара „Неработник на годината“. Потрагата ја почна хрватската платформа за вработување „Пикџобс“, но нивната цел, се чини, е малку поинаква од првиот впечаток.

„Ова е невообичаена можност за сите вработени, самовработени, студенти и невработени – да му покажат на светот како успеале во она што многу луѓе го сметаат за невозможно: Постигнување рамнотежа меѓу приватниот и деловниот живот. Бараме личност со успешна приказна за тоа како го намалила обемот на работа и ја зголемила или одржала својата продуктивност. Со други зборови, личност која работела попаметно во 2024 година, а не понапорно. Бараме личност која постигнала успех во 2024 година благодарение на стратегии за делегирање, автоматизација, квалитетно управување со времето или кој било друг начин што овозможува рамнотежа на приватниот и деловниот живот“, се наведува во објавата.

Конкурсот е отворен за сите – студенти, вработени на неопределено време, хонорарци итн. И не е ограничен само на Хрватска, туку може да се пријават „неработници“ од целиот свет. Може да се пријавите себеси или некој друг со кратка приказна или видео во коешто се објаснува „како лицето го намалило времето минато на работа“, а станало попродуктивно.

„Пикџобс“ сака да ги истакне успешните приказни коишто ќе бидат инспирација за сите кои се борат со исцрпеност, преоптоварување и стрес.

„Ова е со цел да се подигне свеста за спомнатите проблеми и да поттикнат позитивни промени во работната култура. Целта е да се мотивираат луѓето да истражуваат начини да се најде рамнотежа меѓу приватниот и деловниот живот, но и да се поттикнат работните заедници да воведат пофлексибилни практики коишто би ги поттикнале вработените да ја најдат таа рамнотежа“, се додава во објаснувањето за конкурсот.

Добитникот на титулата „Неработник на годината“ ќе добие парична награда од 1.000 евра.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy