
Непознати лица пукале близу училиште на Косово
На Косово имаше пукање. Непознати лица вчера пукале од огнено оружје во близина на училишниот двор на Основното училиште „Угљаре“ во Угљаре, изјави за „Косово онлајн“ командирот на Полициската станица во Грачаница, Братислав Трајковиќ.
Дека имало пукање потврди и претседателот на привремената управа на општина Косово Поле, Александар Трајковиќ, кој рече дека се пронајдени две чаури, а во тој момент во училишниот двор имало деца Роми.
Пред неколку дена непознати лица се обиделе да го запалат училиштето „Десанка Максимовиќ“ во Косовска Каменица. Албанците често ги напаѓаат косовските Срби. Најмалку 300 напади имаше откако Албин Курти е премиер на Косово.
