
Неодамна го бркаа, сега Де Јонг е пред нов договор со Барселона
Денеска каталонсксиот новинар Фернандо Поло објави дека Де Јонг и Барселона ги финализираат условите за продолжување на договорот. Под водство на Ханси Флик, Холанѓанецот ја врати старата форма, а и физички се чувствува одлично и е подготвен да се бори за место во стартната постава.
Она што е најважно, Де Јонг е подготвен да прифати намалување на платата имајќи предвид дека во моментов е играч со најголеми приходи во клубот, а неговиот договор истекува во 2026 година. Се очекува следните недели потписот да биде ставен и плејмејкерот да го потврди своето останување во Барса чиј член е од 2019 година.