
Немил настан на ГАК: Акушерка суспендирана откако ненамерно пресекла дел од палец на бебе
На одделот за новородени деца при ЈЗУ У ГАК – Скопје се случил немил настан, кога акушерка во текот на испис на новородено ненамерно пресекла дел од палецот на бебето.
„Дежурниот педијатар постапил максимално професионално и одговорно и веднаш е повикан детски хирург. Новороденото е префрлено на Клиниката за детска хирургија, каде му била санирана повредата.
Акушерката беше суспендирана, беше дадена на Дисциплинска комисија и ѝ беше изречена максимална казна според Законот за здравствена заштита, како и промена на работното место“, велат од таму.

