Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 НЕМА ЗОШТО ДА ГО ОПТЕРЕТУВАМЕ БУЏЕТОТ СО НОВА КОМИСИЈА Целта на владата е да го намали бројот на институции за 40%
Македонија

НЕМА ЗОШТО ДА ГО ОПТЕРЕТУВАМЕ БУЏЕТОТ СО НОВА КОМИСИЈА Целта на владата е да го намали бројот на институции за 40%

09/02/2026

AA

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, во контекст на реакциите на дел од невладините организации и граѓанските здруженија, кои предлагаат формирање на посебно тело, нова, проширена комисија со сопствена администрација, истакна дека ваквиот пристап е спротивен на реформската политика на Владата и на Министерството за јавна администрација.

Министерот нагласи дека формирањето ново тело би значело дополнителни финансиски трошоци и нова администрација, што не е во согласност со заложбите за рационализација и ефикасност на јавниот сектор.

– Ако ние кратиме членови во управни одбори во овој закон, и ако оваа Влада и Министерството за јавна администрација се залагаат за реформи и намалување на ваквите тела, тогаш е нелогично да формираме ново габаритно тело, нова комисија која ќе создава дополнителни трошоци во буџетот – изјави Минчев.

Министерот објасни дека во следниот закон што го подготвува Владата, Законот за организација и работа на органите на државната управа, е предвидено намалување на 40% на буџетските корисници од органите на државна управа.

– Доколку имаме институции во кои надлежностите се преклопуваат, или имаат слични или исти надлежности, логично е тие да се рационализираат, а не паралелно да формираме нови тела – нагласи министерот.

Минчев истакна дека критериумите за избор на раководни позиции остануваат високи и строго дефинирани, при што, изборот во одредена институција ќе го врши комисија составена од професионални административни службеници од таа институција.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Три лица уапсени, со едно извршен службен разговор, вкупно седум

03/06/2026
Македонија

Приведен тетовец, пијан со пиштол се обидел да изврши разбојништво

03/06/2026
Македонија

30 дена притвор за Стефан Богоев и други три лица

03/06/2026
Македонија

58-годишник од тетовско силувал малолетничка во комбе со кое вршел

03/06/2026
Македонија

Пожар во средно училиште во Тетово, неколку вработени вдишале чад!

03/06/2026
Македонија

Слаткаристика се откажува од парите од Агенцијата за филм: „Не

03/06/2026
Македонија

Савески за случајот „Мазут“: Подобро запирање на истрагата отколку обвинение

03/06/2026
Македонија

АФЕТ: Напредокот на Северна Македонија во реформите поврзани со ЕУ

03/06/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43588
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Три лица уапсени, со едно извршен службен разговор, вкупно седум пријави за семејно насилство во

03/06/2026

На 03.06.2026 во 01:00 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода

Приведен тетовец, пијан со пиштол се обидел да изврши разбојништво во кафеана!

03/06/2026

Со брза реакција на тетовската полиција приведен е тетовец кој под дејство на алкохол и со пиштол се обидел да

30 дена притвор за Стефан Богоев и други три лица

03/06/2026

Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на ОЈО ГОКК за определување мерка против 4

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy