Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Нема согласност за минималецот, но ќе се формира официјална потрошувачка кошница
Македонија

Нема согласност за минималецот, но ќе се формира официјална потрошувачка кошница

03/02/2025

AA

Нема договор за минималната плата, но ќе биде формирана официјална потрошувачка кошница која ќе ја креираат синдикатите, Државниот завод за статистика, Организацијата на потрошувачи, како и министерствата за економија и за финансии. Ова беше договорено на денешната седница на Економско-социјалниот совет (ЕСС) што се одржа во Владата.

Претседателката на Организацијата на работодавачи, Владанка Трајкоска, изјави дека телото кое ќе ја дефинира официјалната потрошувачка кошница најверојатно ќе биде формирано на следната седница на ЕСС.

„Нема договор за минималната плата. Се дискутираше за минималната синдикална кошничка, но се официјализираше дека ќе има официјална потрошувачка кошница која ќе ја креираат сите засегнати страни. Сметаме дека таа ќе биде институционално признаена и ќе ги дефинира сите релевантни елементи за една кошничка“, изјави Трајкоска по седницата.

Таа додаде дека дискусијата околу минималната плата продолжува, но без конкретни ставови и заклучоци. Сите присутни изразиле желба за усогласување со стандардите на ЕУ, но сепак нагласила дека Европската комисија нема конкретни директиви за потрошувачките кошници. Во регионот и ЕУ секоја држава има свои различни пристапи, а синдикалните кошници во некои случаи се дури двапати поголеми од официјалните.

„Тоа се политички одлуки и елементи кои синдикатите користат како метод за притисок“, додаде Трајкоска.

Претходно, работодавачите истакнаа дека е можно минималната плата да достигне и повисока сума од 450 евра, доколку Владата субвенционира дел од придонесите.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

„Старлинк“ најави брз сателитски интернет директно на мобилните телефони и

02/09/2026
Македонија

Невреме со пороен дожд, грмежи и град погоди повеќе делови

02/09/2026
Македонија

Семејна драма во Велес: Татко и син уапсени откако со

02/09/2026
Македонија

Судење за „Пулс“: Вештаците со детали за пропустите, заштитата и

02/09/2026
Македонија

Општина Прилеп со финансиска поддршка од 3.000 денари за секое

02/09/2026
Македонија

Големо невреме со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и појава

02/09/2026
Македонија

Почина професорот и дипломат Јован Донев

02/09/2026
Македонија

Јаневска: Наставниците во март ќе добијат покачување на платите

02/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45412
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

„Старлинк“ најави брз сателитски интернет директно на мобилните телефони и во Македонија

02/09/2026

Компанијата „Старлинк“ најави проширување на својата мобилна услуга во Европа во соработка со телекомуникациската групација „4иГ Груп“, а во плановите

Невреме со пороен дожд, грмежи и град погоди повеќе делови од Македонија

02/09/2026

Бран од нестабилно време зафати поголем дел од земјата, донесувајќи слаби до умерени, а наместа и интензивни поројни врнежи од

Семејна драма во Велес: Татко и син уапсени откако со сила пресретнале и претепале 22-годишник

02/09/2026

Велешката полиција вчера ги лишила од слобода 50-годишниот Н.С. и неговиот 20-годишен син М.С. по пријава за физички напад и

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy