
НЕМА РАБОТНИЦИ: Уште една земја од соседството ќе „увезува“ Филипинци
И соседна Албанија ќе „увезе“ работници од Филипини. Се очекува во Албанија да пристигнат околу 40.000 квалификувани работници од Филипините. Од нив 15.000 ќе бидат ангажирани во преработувачкиот сектор.
Недостигот на работна сила во индустријата за облека и обувки, како и во туризмот ја натера Владата да преземе дополнителни мерки.
Извршната власт е во завршна фаза на потпишување договор за увоз на квалификувани работници од странство.
Филипини е земја за чии државјани Албанија не служела како транзит за илегални имигранти во западните држави.
Филипинци има и во Македонија и во другите балкански држави.
foto freepik.com
