
НЕМА ПОПАТРИОТСКИ ДОКУМЕНТ ОД РЕЗОЛУЦИЈАТА ШТО ЈА ПРЕДЛАГАМЕ Филипче прашува кога партиите ќе се изјаснат за предлогот на СДСМ

И утре да се случат уставни измени ние не сме спремни да ги почнеме преговорите да ги отвориме поглавјата – рече претседателот на СДСМ Венко Филипче во гостување на ТВ Телма.
Филипче рече дека во изминатиот период и во претходните мандати се решиле крупни договори како што е Преспанскиот договор, со кој Македонија влезе во НАТО и ги обезбеди границите.
– Дали се разочаравме од тоа што немаше чекор напред кон ЕУ – да. Дали сме ние поголеми предавници што ја сакаме земјата интегрирана во Европа и богата благодарение на европските фондови, наспроти ВМРО-ДПМНЕ што ја сака изолирана и сиромашна како што ја држи – праша Филипче.
На прашање за предлог-резолуцијата за тнр. „црвени линии“ што ја подготви СДСМ, Филипче рече дека таму нема никакво предавство, туку тоа е само еден инструмент.
– Во резолуцијата не стои ништо друго од сите историски елементи од 1991 па наваму, за стратешки правци, интеграција во ЕУ, декларација донесена за црвени линии на барање на ВМРО-ДПМНЕ пред неколку години во Собрание, која заеднички ја изгласавме – рече Филипче.
Лидерот на СДСМ потенцираше дека документот е работна верзија која била испратена до сите партии, од кои се уште нема одговор.
– Зарем има попатриотски документ, позади кој заедно стоиме за црвените линии? Тоа им е дадено на партиите, да ги чуеме нивниот фидбек, и потоа заедно да одиме во Собранието. И утре да се случат уставни измени ние не сме спремни да ги почнеме преговорите, да ги отвориме поглавјата затоа што трите главни патокази не се донесени – за владеење на правото, акцискиот план, малцинствата, за јавната админситрација, ништо не е донесено. Тие едноставно не работат на реформите – рече Филипче.
.

