Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Нема милост за скопски клинички центар! Државната струја ќе ја плаќа по цени од берзата ХУПЕКС!
Економија

Нема милост за скопски клинички центар! Државната струја ќе ја плаќа по цени од берзата ХУПЕКС!

04/03/2024

AA

Во последните три години во Министерството за здравство се сменија тројца министри. Ниту еден од нив не мрдна со прст за да им заштеди на државните клиники, а со тоа и на централниот буџет стотици илјади евра. Се што требаше да се направи е надлежното министерство и Владата да ги извадат клиниките и болниците од листата субјетки кои купуваат струја по пазарни односно берзански цени. Па и да значи тоа промена на законската и подзаконската регулатива. Со тоа овие субјекти би имале регулирана цена за струјата. Државните болници и клиники не остваруваат профит туку спасуваат човечки животи! Тие не заслужуваат ваков однос, а не заслужуваме ниту ние граѓаните кои го полниме буџетот…

Сега ЕСМ државната струја на клинички центар ќе ја продава по берзанска цена, а да биде иронијата неподнослива за тоа неговата фирма ЕСМ Продажба ќе наплати 114.000 евра „трговска маржа“ за услугата!

Пет универзитетски клиники, три институти и еден здравствен завод, сите од скопскиот државен клинички центар во годинава што следи ќе плаќаат струја по берзанска цена!  

Жално, но вистинито. Втора година по ред скопскиот државен клинички центар е приморан да плаќа струја по цени од унгарската берза ХУПЕКС. При тоа институцијата која спасува животи на најкритични пациенти и е терциерно здравство кое не прави профит ќе плаќа државна струја по берзанска цена.

Најновиот тендер за набавка на струја за скопскиот клинички центар го доби ЕСМ Продажба, фирма ќерка на ЕСМ, како единствен понудувач.

На овој понудувач клиниките за детски болести, инфективни болести, ургентниот центар, радиотерапија и онкологија и психијатрија  заедно со институтите ТБЦ, медицина на трудот и радиологија и заводот за слух, говор и глас зедно на ЕСМ ќе му платат износ до 2,69 милиони евра за една година.

При тоа ЕСМ Продажба за својата услуга ќе наплати маржа од 5% од вредноста на потрошената струја што ја плаќа по цена од берзата ХУПЕКС.  

Просто кажано ако се реализира целата вредност од договорот ЕСМ Продажба за својата „услуга“ на скопските клиники ќе им наплати 113.800 евра провизија односно маржа.

Ова е втор тендер во низа на кој скопските државни клиники плаќаат берзански цени за потрошена струја. На претходниот тендер склучен на 16 декември 2022 година државните клиники се обврзаа на ЕСМ да му платат 2,69 милиони евра повторно по цени како на унгарската берза за струја.

Р.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy