Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 НЕМА МАГИЈА, ИМА САМО ЗДРАВО И СТЕГНАТО РАБОТЕЊЕ – како УСЈЕ достигна профит од 25 милиони евра за девет месеци
Економија

НЕМА МАГИЈА, ИМА САМО ЗДРАВО И СТЕГНАТО РАБОТЕЊЕ – како УСЈЕ достигна профит од 25 милиони евра за девет месеци

31/10/2024

AA

Иако се тие врв над сите врвови, не се само македонските банки профитабилни бизниси. 

Има и други успешни и етаблирни компании, чии профити растат од година во година, и чии бизниси се стабилни и перспективни.

Скопската цементарница УСЈЕ покажа дека е еден од тие бизниси, завршувајќи ги првите девет месеци од годинава со чист профит од над 25 милиони евра. 

Тоа е зголемување за дури 40 проценти во однос на истиот период од претходната година, што е резултат за пофалба, иако треба да се има предвид дека 2023 година важеше за кризна и инфлациска, што им го отежнуваше работењето на компаниите.

А, овој успех во делот на профитабилноста УСЈЕ го постигнува во услови кога кај оперативните приходи нема раст, односно тие се на идентично ниво како и во првите девет месеци од претходната година. 

Но, тоа не значи дека не станува збор за одлични приходи, имено, тие изнесувале дури 77,2 милиони евра. 

Најголем дел или речиси сите отпаѓаат на приходите од продажбата, кои изнесуваат 76,1 милиони евра, што е мал раст за 3 отсто во однос на истиот период од минатата година. 

Најмногу приливи односно приходи УСЈЕ има од продажба на домашниот пазар, кои биле на ниво од 50,93 милиони евра, што покажало зголемување за 3 проценти, додека, пак, приходите од продажба на странски пазар се на исто ниво, само малку намалени, и тие изнесувале 25,1 милиони евра.

Но, затоа во голема мерка се намалени оперативните расходи, за дури 12 отсто во однос на претходната година, и изнесувале 48,5 милиони евра. Тоа е всупшност тајната на растот на добивката, кога се успева на исти приходи, да се стегнат расходите, и да се зголеми добивката од работењето. 

Најголема ставка се трошоците за суровини и други материјали, кои биле 27,2 милиони евра, но кај нив има намалување за 12 проценти.

Трошоците за вработените изнесувале 4,8 милиони евра, и се зголемени за 9 отсто.

Сето тоа прави оперативна добивка од 27 милиони евра, а на неа треба да се додадат и огромните финансиски приходи, кои имаат и огромен раст во однос на истиот период лани, или тие биле на ниво од 710 илјади евра, а целиот износ се должи на паметнио вложувања што си ги направила компанијата, односно приходи од вложувања, заеми, камати и курсни разлики.

А, кога ќе се плати данокот, чистиот профит е над 25 милиони евра, или за 40 отсто зголемен во однос на лани.

Н.Н.Ф.  

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy