Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 НЕМА КУПУВАЧ ЗА УПРАВНАТА ЗГРАДА НА „БЕТОН“?! – објектот и понатаму се нуди за продажба
Економија

НЕМА КУПУВАЧ ЗА УПРАВНАТА ЗГРАДА НА „БЕТОН“?! – објектот и понатаму се нуди за продажба

21/02/2024

AA

Управната зграда
на некогшниот градежен гигант „Бетон“ во Скопје, која по покренувањето на
стечајната постапка се најде на продажба преку „НЛБ“ и понатаму го чека својот
нов сопственик
.

Иако станува збор
за квалитетен објект, неговата продажба заглави. Причината за ова може да лежи
во вредноста на објектот, но и во фактот дека тој се продава заедно со помошни подвижни
предмети, или пак во намената на објектот.

Зградата беше
огласена за продажба од страна на споменатата банка уште лани веднаш по
отворањето на стечајната постапка, на почетокот на мај, но и покрај фактот
што поминаа десет месеци од огласувањето, таа и понатаму се наоѓа на нивната
листа на имоти кои ги продава.

Зградата се наоѓа
во близина на централното градско подрачје, веднаш позади Министерството за
економија, со сопствен паркинг простор.

– 
Во извршна постапка се продава недвижност во Скопје, Управна зграда Бетон, на ул. М.П.Јорданов бр.32
А, запишана во ИЛ 25 КО Центар  2. Недвижноста се наоѓа веднаш зад
Министерство за Економија.
Недвижноста лежи на КП бр.5, дел 2, Лист Б,
Г3/ГИЗ и ГЗ/ЗПЗ 1 со вкупна  површина од 1.942 м2, Лист В, бр.на зграда
1, со вкупна површина од 4.037 м2 , Имотен лист бр.25 за КО Центар 2, како
и дел со незапишани права на кат 3 со површина од 302 м2. Моменталната
вредност за недвижноста изнесува 4.952.967,00 ЕУР
– пишува во огласот
поставен на веб страната на „НЛБ банка“.

Како
што веќе е познато, за овој обект банката побарува пет милиони евра, а во рамки
на објектот се наоѓаат подвижни предмети, машини и опрема – канцелариски мебел
и систем за видео надзор, систем за заштита од провала и кражба, систем за
заштита од пожар, лифтови, комплет систем за греење и ладење – климатизација и
вентилација
, чија вредност е проценета на 318.963 евра.

Фактор лани прв објави дека обејктот на „Бетон“ се нуди на продажба за цена од
пет милиони евра, откако компанијата се најде во незавидна позиција, поради
доцнење на платите на вработените, беше покрената стечајна постапка со која
всушност беше ставен крај на некогашниот градежен гигант.

Уште
пред отворањето на стечајната постапка, компанијата во извештаите до берзата
призна дека има проблеми, па дури и постоеше план компанијата сама да ја
продава управната зграда со цел да ги подмири долговите.

Дополнително,
од компанијата преку ценовно чуствителна информација до Берзата информираа дека
ќе ги исплатат обврските кон доверителите, и покрај, како што кажаа
некоректното однесување на институцитие и брзањето на банките да ги наплатат
кредитите.

П.О.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy