Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 НЕМА ИЗМЕНИ НА ПОВИЦИТЕ ЗА УНИВЕРЗАЛЕН СНАБДУВАЧ И ИЗГРАДБА НА ЧЕБРЕН: Министерот Бектеши категоричен, критериумите остануваат
Економија

НЕМА ИЗМЕНИ НА ПОВИЦИТЕ ЗА УНИВЕРЗАЛЕН СНАБДУВАЧ И ИЗГРАДБА НА ЧЕБРЕН: Министерот Бектеши категоричен, критериумите остануваат

27/12/2023

AA

Нема да има измени во повиците за универзалниот снабдувач и за Чебрен. Ако некој потпише таков договор, за измена на јавните повици, ќе подлежи на кривично дело и тука веќе ќе имаат работа судството и обвинителството, рече денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

Во однос на универзалниот снабдувач, како што објасни Бектеши, условите и критериумите се утврдени на владина седница, веќе е формирана Комисија и нема да се менува ништо. 

И во однос на Чебрен, Владата одлучила да не се менува ништо, па доколку компанијата се согласува со тие критериуми, има шанси до 31 декември да го потпише договорот, а ако не, тогаш би требало да се активира банкарската гаранција која е дадена согласно првично доставените критериуми. 

Одговорајќи на новинарски прашања, Бектеши истакна и дека нема инвазија на грчки фирми во македонскиот енергетски сектор. Напротив, напомена, според податоците на Министерството за економија, во енергетиката повеќе инвестираат домашните компании, посебно во делот на обновливите извори на енергија.

Во однос, пак, на вработувањата во ЕСМ, Бектеши појасни дека станува збор за трансформација на работните места од определно на неопределно време.

– Измени на јавниот повик за универзален снабдувач не може да се случат, тие се утврдени на владина седница и формирана е Комисија. Такви измени нема да се направат. Главната измена во моментот кога се објави повикот е дека не може да се дава процент поголем од 11,5 отсто, процент кој е постоечки од универзалниот снабдувач. Убеден сум дека со транспарентност и начинот како е објавен повикот, тој процент ќе биде под 10 отсто. Тие што ги исполнуваат условите, се повикани да учествуваат на повикот, а измени на криетриумите нема да има, подвлече министерот.

Тој, како што рече, нема информации за наводна грчка инвазија во земјава.

– Северна Македонија има отворена, транспарентна економија, и јавни повици отворени за сите заинтерсирани страни согласно критериумите и потребите на државата. Компаниите кои ги исполнуваат критериумите и барањата од страна на државните институции или фирми, можат да учествуваат на повиците, но дека има грчка инвазија не би согласил, ниту би се согласил дека може да се случи. Со Грција имаме одлични односи во делот на економската соработка, а дали тоа би се случило и во делот на енергетиката ќе зависи од критериумите, рече Бектеши. 

За Чебрен, Бектеши повтори дека во повикот нема да има никакви промени.

– Имајќи предвид дека условите се наведени кога е објавен повикот за Чебрен, одлучивме ништо да не се менува. Како што важи за универзалниот снабдувач, така важи и за Чебрен. Ако компанијата се согласува со тие критериуми, има шанси до 31-ви да го потпише договорт, а ако не, тогаш би требало да се раскине договорот иако тој не е потпишан, но ќе се активира банкарската гаранција која е дадена согласно првично доставените критериуми. Немам информации за приватни компании, туку за тоа што треба да направат институциите кои работат согласно јавните повици. Тој што би потпишал таков договор, за измена на јавните повици, ќе подлежи на кривично дело за што ќе имаат работа судството и обивнителството, дециден е Бектеши. 

Тој на прес-конференцијата во Владата информира и дека Министерството за економија ќе предложи сите инвестиции во југозападниот регион на државата, каде се лоцирани најголемиот број термоелектрани, да бидат дополнитело поддржани од државата. Целта е, рече, да бидат регрутирани сите граѓани од тој регион, да нема невработени, со оглед на определбата за зачувувување на животната средина и зелената транзиција. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy