Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 НЕМА ДА ИМА ДИВИДЕНДА ЗА АКЦИОНЕРИТЕ НА „ПЕЛИСТЕРКА“ – еве како ќе се распредели добивката, ќе има и промени во Одборот на директори
Економија

НЕМА ДА ИМА ДИВИДЕНДА ЗА АКЦИОНЕРИТЕ НА „ПЕЛИСТЕРКА“ – еве како ќе се распредели добивката, ќе има и промени во Одборот на директори

29/05/2023

AA

Нема
да има дивиденда за акционерите на компанија за производство
на минерална флаширана вода, „Пелистерка“. Тоа
е одлука што ја предлага менаџментот на компанијата, а која треба да ја изгласа
Собранието на акционери на 26 јуни оваа година.

Од
другите одлуки за кои се очекува да гласаат акционерите, е онаа дека ќе има
промени во раководството, бидејќи ќе се разреши еден член на Одборот на директори пред истекот на мандатот за кој е именуван, и ќе се избере нов.

Инаку,
треба да се напомене дека „Пелистерка“ лани работеше профитабилно и оствари
нето добивка од 376 илјади евра, што е за 23 отсто повисок профит од
претходната 2021 година, но и многу подобар резултат од загубата со која оваа
компанија ја заврши 2020 година.

Во врска со одлуката за распределба на
добивката, му се предлага на Собранието на акционери 5 отсто од таа сума да оди
во задолжителен резервен фонд, а остатокот да остане како нераспределена
добивка.

„Во Друштвото за прозводство и трговија Пелистерка АД Скопје остварената
нето добивка од работењето на Друштвото во периодот од 01.01.2022 годинадо 31.12.2022 година, да се распредели на следниот начин: задолжителен
резервен фонд од 5 отсто, и
остатокот да останекако  нераспределена  добивка. Одлуката
влегува во сила со денот на нејзиното донесување“, се вели во предлогот за кој
треба да гласаат акционерите.

Ова значи дека околу 19 илјади евра ќе
одат во задолжителниот резервен фонд, додека многу поголем износ од 357 илјади
евра ќе останат како нераспределена добивка. 
Инаку, треба да се напомене дека во
„Пелистерка“ главен управувачки акционер и единствен кој поседува над 5 отсто
од акциите е ЦИП Продукт,со 88,98 отсто од акциите.

На акционерите им се предлага и да
донесат одлука за разрешување на член на Одборот на директори на Друштвото,
пред истек на мандатот. Станува збор за Андон Симуноски.

„Се разрешува членот на Одборот на
директори на ПЕЛИСТЕРКА АД Скопје: Андон Симуноски, пред истек на мандатот за
кој е именуван“, се вели во предлог одлуката, при што Собранието на акционери
треба да констатира негов престнок на вршење на функцијата, како и престанок на
мандатот.

За член на Одборот на директори на „Пелистерка“ се избрира Златко
Талески, со стручна подготовка ВСС.

„Членот на Одборот на директори од
оваа Одлука, се избира со мандат од шест години, сметано од
денот на изборот. Членот на Одборот на
директори, има право на месечен паушал во нето износ од 10.000 денари, право и на
надомест на сите други трошоци, како и други права што се поврзани со вршењето
на нивната функција, како што се користење на работни простории, потребни средства за
работа, право на користење на возило и друго, за што одлука
донесува Одборот на директори“, се вели во предлог одлуката.

На Собранието му се предлага и да ја
одобри работата на членовите на Одборот
на директори на  Друштвото.

Покрај овие, акционерите треба да донесат
и одлука и за усвојување на консолидираната годишна сметка од рабтењето во
минатата година, потоа годишниот извештај за работењето, усвојување на извештајот
на ревизорот Расел Бетфорд Атанасовски ДООЕЛ Скопје за работењето на Друштвото, за прифаќање на Годишниот
извештај за работата на службата за внатрешна ревизија, како и други одлуки.

На седницата на Собранието можат да
присуствуваат сите акционери запишани во Акционерската книга на друштвото,
лично или преку полномошник.

Н.Н.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy