Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 НЕМА ДА ДОЗВОЛАМ ДА МИ СЕ ИЗВАЛКА ИМЕТО, ЌЕ ЈА ДОКАЖАМ МОЈАТА НЕВИНОСТ Постапките за одземање лиценци се идентични за сите субјекти во енергетиката
Македонија

НЕМА ДА ДОЗВОЛАМ ДА МИ СЕ ИЗВАЛКА ИМЕТО, ЌЕ ЈА ДОКАЖАМ МОЈАТА НЕВИНОСТ Постапките за одземање лиценци се идентични за сите субјекти во енергетиката

29/01/2026

AA

Постапките за одземање на лиценца за која било дејност и за кој било сектор се строго пропишани во Законот за енергетика и сето тоа е преточено во Правилникот за лиценцирање, на истиот начин како што сме ги воделе постапките за компанијата која што е посочена, во истиот период се водени исти постапки, со исти рокови и за останати компании, не само во делот на секторот за нафтени деривати, туку истото го правиме и во секторот за електрична енергија, изјави претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) Марко Бислимоски, на денешната прес-конференција, откако утринава Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против него за Злоупотреба на службената положба и овластување.

Бислимоски потенцираше дека во РКЕ не постоел повластен статус за ниту една компанија и постапките при одземање на лиценци се утврдувани од, како што рече, сериозен тим од Регулаторната комисија за енергетика.

– Буквално истите постапки ги применуваме за сите сектори од областа на енергетиката. Никогаш, ама буквално никогаш, немало повластена компанија или пак компанија за која што се водени постапки спротивно на Законот за енергетика и Правилникот за лиценцирање – рече Бислимоски.

Во однос на поднесената кривична пријава, тој рече дека ќе го следи целиот процес и ќе ги стави на располагање сите информации до надлежните институции, уверувајќи дека нема прекршување на законската регулатива.

– Во наредниот период ќе се обидам да го докажам, ќе го следам целиот процес кој се случува, и нема да дозволам на ниту еден начин, имајќи предвид дека сум и татко, и сопруг, и брат, и пријател, да биде извалкано моето име. Сè што стои на располагање, јас ќе го дадам на соодветните институции и цврсто сум сигурен дека ќе докажеме дека апсолутно немало никакво прекршување, ниту на Законот за енергетика, ниту на Правилникот за лиценцирање – нагласи Бислимоски.

На новинарско прашање за можни политички мотиви зад пријавата, Бислимоски одговори дека за тоа треба да се прашаат подносителите и дека времето ќе покаже дали имало политички притисоци.

РКЕ, истакна Бислимоски, во изминатиот период била оценета како една од најдобрите регулаторни тела во рамките на Енергетската заедница, поради, како што рече, примената на пропишаните постапки и процедури.

– Јас уште еднаш сакам да кажам дека се водени апсолутно истите постапки, и ден-денес кога водиме други постапки во делот на електричната енергија за запирање на некоја постапка, се водиме по истиот Закон за енергетика и по истиот Правилник за лиценцирање – истакна Бислимоски.

Во врска со прашањата за наводно спречено одземање на лиценца и за роковите во времетраење од 15 месеци, Бислимоски појасни дека постапките се спроведувале идентично за повеќе компании, при што, нагласи, кај дел од нив завршиле со одземање на лиценцата, а кај други не, доколку во текот на постапката се утврдело дека не се исполнети условите за одземање.

– Во истиот период кога се води постапката за одземање на лиценцата на таа компанија што се споменува, се води и за други компании буквално истата постапка. Некои завршија со одземање на лиценца, меѓутоа имаше компании на кои им беше одземена лиценцата, а некои компании кои што во текот на постапката докажаа дека не ги исполнуваат критериумите за одземање на лиценца, лиценцата не им беше одземена. Не само во делот во областа на нафтените деривати, туку и во делот на електричната енергија и таму каде што имаме понекогаш за природни гасови, апсолутно се применувани пропишаните рокови и процедури. Во понатамошен период апсолутно тоа и ќе се докаже дека е така, рече Бислимоски.

На прашање дали се одредувани и некакви дополнителни рокови за отстранување на некои недостатоци кај компанијата, Бислимоски рече:

– Не сум правник, тоа што ми било кажано од правните служби, во кои што цврсто верувам и апсолутно сум сигурен дека е тоа точно, истото е применето, немало различен пристап за различни компании.

ФИНАНСИСКА ПОЛИЦИЈА ГО ГОНИ ШЕФОТ НА РКЕ Бислимовски осомничен за злоупотреба на службената положба

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy