
Нема да биде исполнета последната желба на Ферус Мустафов, ќе биде погребан утре во Скопје, наместо во Штип
Иако, првично беше објавено дека кралот на ромската музика ќе биде погребан во Штип, бидејќи тоа било негова желба, да почива во градот каде е роден, тој сепак ќе биде погребан утре во Скопје, на гробиштата во Камник, пренесува „ММС“ по контактот со семејството.
Имено, неговиот внук Ферчо изјавил дека погребот е веќе закажан за 14 часот, бидејќи многу негови пријатели од странство се јавиле и сакале да дојдат на последното испраќање на кралот Ферус.
