
НЕМА ЧИСТАЧИ: Газдите плаќаат и по 15 евра за час
Хрватските хотелиери нудат 15 евра за час, а никој не сака да чисти.
Како што пишуваат тамошните медиуми, нивните плати се повеќе од пристојни. За три часа чистење, на пример на двособен стан, добивате и до педесет евра.
Значи, за час хигиеничарките добиваат и повеќе од 15 евра. Наскоро работниот час на чистачите ќе се израмни со оној на ИТ работниците, кои исто така се многу барани. Веројатно веќе ги „престигнаа“ наставниците, пишува ХРТ. Од година во година хрватските хотелиери и издавачите на станови ја креваат цената на работен час. Чистачите се барани, но ги нема доволно. Многу газди на станови сами ги чистат просториите затоа што нема кадар.
Работодавачите во индустријата и услужните дејности во Европската унија во 2022 година плаќале просечно по 30,50 евра за час работа, а најскапите трошоци за час за работа во Луксембург биле 50,90 евра.
foto freepik.com/master1305
