Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Некомплетни токсиколошки анализи? – Семејствата на загинатите од Пулс бараат одговори за причината за смрт
Македонија

Некомплетни токсиколошки анализи? – Семејствата на загинатите од Пулс бараат одговори за причината за смрт

25/12/2025

AA

Здружението на граѓани „16-ти Март 2025“ јавно реагира поради, како што наведуваат, сериозен јаз меѓу институционалните тврдења и официјалната обдукциска документација во врска со причината за смртта на настраданите деца во трагичниот настан во клубот.

Од здружението посочуваат дека во одговор на Основното јавно обвинителство се наведува оти вештачењата на Институтот за хемија и анализите на МВР–Одделот за форензички испитувања (ОФИ) ја потврдиле веројатноста за испуштање цијанидни гасови, како последица на согорувањето на материјалите во објектот. Сепак, клучното прашање, според нив, останува без одговор: дали при обдукциите е направена конкретна и насочена токсиколошка анализа за цијанид и други отровни гасови во телата на починатите.

Во конечните обдукциски наоди, како причина за смртта е наведено задушување од јаглерод моноксид (CO). Но, здружението укажува дека во самиот обдукциски налог јасно стои оти од телата се земени крв и урина не само за утврдување на CO, туку и за поширока токсиколошка анализа, со напомена дека дополнителните резултати ќе бидат доставени накнадно.

„До денес, овие дополнителни токсиколошки резултати не им се доставени на семејствата, ниту се содржани во конечните обдукциски наоди“, наведуваат од „16-ти Март 2025“. Според нив, ова отвора сериозен сомнеж дека заклучокот за причината за смрт е донесен без целосна и соодветна токсиколошка анализа, особено имајќи предвид дека водородниот цијанид не се детектира рутински и бара специфично и навремено испитување, бидејќи брзо се метаболизира.

Како дополнителен аргумент, здружението посочува дека кај поголем дел од починатите биле утврдени ниски или нефатални вредности на јаглерод моноксид, што, според медицинските стандарди, не е доволно за заклучок дека смртта е предизвикана исклучиво од CO. Тие нагласуваат дека цијанидот може да предизвика смрт и без високи CO вредности.

Од „16-ти Март 2025“ зборуваат за судир меѓу институционалните наоди, наведувајќи три, како што велат, неспоиви факти: институциите потврдуваат веројатност за ослободување цијанидни гасови, обдукциските наоди ја наведуваат исклучиво интоксикацијата со CO како причина за смрт, а обдукцискиот налог признава дека други токсиколошки анализи допрва требало да бидат доставени.

Сè додека не се објават и официјално документираат резултатите од сите дополнителни токсиколошки анализи, од здружението сметаат дека не може со сигурност да се тврди дека причината за смрт е целосно и точно утврдена. Според нив, тоа значи дека обдукцискиот наод е нецелосен, постои основа за дополнително или независно вештачење, како и за правно оспорување на донесените заклучоци.

„Ова е оправдано и неопходно во интерес на вистината, правдата и достоинството на починатите“, порачуваат од Здружението на граѓани „16-ти Март 2025“.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПОЛИЦИЈАТА ЌЕ ГИ ТРГА ПАРКИРАНИТЕ ВОЗИЛА ОД ТУРИСТИЧКА Засилени мерки

23/11/2026
Македонија

САЈБЕР-НАПАД ВРЗ УНИВЕРЗИТЕТОТ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Дигиталните сервиси се обновуваат, од

23/11/2026
Македонија

ВЕЛЕШАНЕЦ, КОЈ ЧУВАЛ 10 КУЧИЊА, ПОЧИНАЛ, КУЧИЊАТА ГЛАДУВАЛЕ ЗАТВОРЕНИ Успешно

23/11/2026
Македонија

СУБВЕНЦИИ ЗА ВОЗАЧКИ ИСПИТ ЗА МЛАДИ БИТОЛЧАНИ Еднократна финансиска поддршка

23/11/2026
Македонија

СМРТТА КАЈ СМИЛКОВЦИ СЕ ИСТРАЖУВА КАКО УБИСТВО Тошковски потврди дека

23/11/2026
Македонија

ДА ИЗГРАДИМЕ ЗЕМЈА ВО КОЕ СЕКОЕ ДЕТЕ ЌЕ ЖИВЕЕ БЕЗ

23/11/2026
Македонија

ПОЛИЦАЕЦ ЗАТЕКНАТ КАКО ДИЛА ДРОГА ВО ЗАТВОР Му нашле кокаин,

23/11/2026
Македонија

СРБИН ЛЕТАЛ СО 158 КМ НА ЧАС Приведен е на

23/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46895
  • Регион 4000
  • Свет 22
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПОЛИЦИЈАТА ЌЕ ГИ ТРГА ПАРКИРАНИТЕ ВОЗИЛА ОД ТУРИСТИЧКА Засилени мерки пред средбата на лидерите во

23/11/2026

Возачите во Охрид од денеска ќе мора да внимаваат каде ги запираат и паркираат возилата. Полицијата воведува засилени контроли на

САЈБЕР-НАПАД ВРЗ УНИВЕРЗИТЕТОТ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Дигиталните сервиси се обновуваат, од УГД тврдат дека податоците се

23/11/2026

Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД) во Штип во текот на изминатата недела бил цел на сајбер-напад насочен кон неговата дигитална инфраструктура,

ВЕЛЕШАНЕЦ, КОЈ ЧУВАЛ 10 КУЧИЊА, ПОЧИНАЛ, КУЧИЊАТА ГЛАДУВАЛЕ ЗАТВОРЕНИ Успешно се заловени и згрижени во

23/11/2026

Десет кучиња биле спасени и згрижени откако нивниот сопственик ненадејно починал, а животните неколку дена останале сами во домот без

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy