Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Некомплетни токсиколошки анализи? – Семејствата на загинатите од Пулс бараат одговори за причината за смрт
Македонија

Некомплетни токсиколошки анализи? – Семејствата на загинатите од Пулс бараат одговори за причината за смрт

25/12/2025

AA

Здружението на граѓани „16-ти Март 2025“ јавно реагира поради, како што наведуваат, сериозен јаз меѓу институционалните тврдења и официјалната обдукциска документација во врска со причината за смртта на настраданите деца во трагичниот настан во клубот.

Од здружението посочуваат дека во одговор на Основното јавно обвинителство се наведува оти вештачењата на Институтот за хемија и анализите на МВР–Одделот за форензички испитувања (ОФИ) ја потврдиле веројатноста за испуштање цијанидни гасови, како последица на согорувањето на материјалите во објектот. Сепак, клучното прашање, според нив, останува без одговор: дали при обдукциите е направена конкретна и насочена токсиколошка анализа за цијанид и други отровни гасови во телата на починатите.

Во конечните обдукциски наоди, како причина за смртта е наведено задушување од јаглерод моноксид (CO). Но, здружението укажува дека во самиот обдукциски налог јасно стои оти од телата се земени крв и урина не само за утврдување на CO, туку и за поширока токсиколошка анализа, со напомена дека дополнителните резултати ќе бидат доставени накнадно.

„До денес, овие дополнителни токсиколошки резултати не им се доставени на семејствата, ниту се содржани во конечните обдукциски наоди“, наведуваат од „16-ти Март 2025“. Според нив, ова отвора сериозен сомнеж дека заклучокот за причината за смрт е донесен без целосна и соодветна токсиколошка анализа, особено имајќи предвид дека водородниот цијанид не се детектира рутински и бара специфично и навремено испитување, бидејќи брзо се метаболизира.

Како дополнителен аргумент, здружението посочува дека кај поголем дел од починатите биле утврдени ниски или нефатални вредности на јаглерод моноксид, што, според медицинските стандарди, не е доволно за заклучок дека смртта е предизвикана исклучиво од CO. Тие нагласуваат дека цијанидот може да предизвика смрт и без високи CO вредности.

Од „16-ти Март 2025“ зборуваат за судир меѓу институционалните наоди, наведувајќи три, како што велат, неспоиви факти: институциите потврдуваат веројатност за ослободување цијанидни гасови, обдукциските наоди ја наведуваат исклучиво интоксикацијата со CO како причина за смрт, а обдукцискиот налог признава дека други токсиколошки анализи допрва требало да бидат доставени.

Сè додека не се објават и официјално документираат резултатите од сите дополнителни токсиколошки анализи, од здружението сметаат дека не може со сигурност да се тврди дека причината за смрт е целосно и точно утврдена. Според нив, тоа значи дека обдукцискиот наод е нецелосен, постои основа за дополнително или независно вештачење, како и за правно оспорување на донесените заклучоци.

„Ова е оправдано и неопходно во интерес на вистината, правдата и достоинството на починатите“, порачуваат од Здружението на граѓани „16-ти Март 2025“.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy