Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 НЕКОЛКУ ЗАГИНАТИ И НАД 100 ПОВРЕДЕНИ: Во регионот има поплавени домови, откорнати покриви, соборени дрвја
Регион

НЕКОЛКУ ЗАГИНАТИ И НАД 100 ПОВРЕДЕНИ: Во регионот има поплавени домови, откорнати покриви, соборени дрвја

20/07/2023

AA

Невреме ги погоди Хрватска, Србија, Словенија и БиХ, а има и неколку жртви. 

Службите за итна помош ги расчистуваат патиштата, ги отстрануваат остатоците од дрвјата и ја испумпуваат водата која поплави стотици објекти. Има повеќе од 100 повредени и предизвикана е голема материјална штета. Невремето прво ја зафати Словенија. Едно лице загина во Блед откако врз него паднало дрво, а двајца се сериозно повредени по удар на гром во камп на северот на државата. Голем број луѓе останале „заглавени“ на планината Триглав.

„Најмалку 90 лица се заробени во долината Крма на Триглав. Меѓу нив има 35 лица со оштетен вид и 35 придружници. Патот до нив е затворен бидејќи паднаа огромен број на дрва. Дел од нив беа отстранети но пожарникарите и шумарите мораа да ја прекинат работата поради безбедносни причини“, изјави Сречко Шестан командант на Цивилната заштита на Словенија.

Во Загреб за само 20 минути, ветер со брзина на ураган остави пустош во градот. Има откорнати дрвја и покриви, поплавени домови и улици. Четири лица загинаа од кои две во Загреб, еден во Славонија, а пријавена е смрт и на еден пожарникар. Повеќе од 100 лица побарале медицинска помош. Оштетени се преку 2.000 објекти, а поплавена била и една болница во Загреб.

Бурата потоа се префрли во Босна и Херцеговина која исто така пријави штети, но и смртен случај. Една жена починала на северот на државата додека десетина се повредени. Најлоша е состојбата во градот Брчко, а проблеми има и во Бања Лука, Бјелина и Тузла.

„Има штета во сите локални заедници во Кантонот Тузла. Од паднати дрва до урнати кровови на училишта. Според првичните извештаи, најтешко е погодена Грачаница каде има големи штети“, изјави Зоран Јовановиќ директор на управата за цивилна заштита на кантонот Тузла.

Невремето на крајот ја погоди Србија. Припадниците на одделот за вонредни состојби имале преку 200 интервенции и успеале безбедно да евакуираат четириесетина лица. Пожарникарските служби гаснеле преку 20 пожари предизвикани од удар на гром. Откорнати дрвја, паднати кранови, оштетени кровови и улици под вода се само дел од последиците. 

Ветрот дувал со брзина од 180 км/ч во вчерашното невреме во Загреб. Податоците за брзината на ветрот од автоматската станица на Државниот хидрометеоролошки завод ДХМЗ покажуваат дека во Градиште кај Жупања, во периодот од 18 до 19 часот е забележан најсилен налет на ветер во тоа подрачје – дури 180 км/ч. Во Славонски Брод некаде по 18 часот е регистриран најсилниот налет од над 120 км/ч.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy