
Неколку пешаци повредени низ Македонија откако возила удриле во нив
На 29.12.2023 во 11.10 часот било пријавено дека во Струга патничко моторно возило „пежо“ со вевчански регистарски ознаки, управувано од Т.Б.(33) од с.Вевчани, удрило во Џ.П.(80) од Струга. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Струга.
На 29.12.2023 во 15.15 часот било пријавено дека на регионалниот пат Штип-Кадрифаково, кон с.Три Чешми се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „форд фокус“ со велешки регистарски ознаки, управувано од О.К.(52) од Велес, и патничко моторно возило „фолксваген голф“ со струмички регистарски ознаки, управувано од М.М.(42) од Струмица. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот М.М., а со телесни повреди се здобиле сопатничката Г.Д.(65) од Струмица и уште една малолетна сопатничка од истото возило, констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.
На 29.12.2023 во 09.05 часот било пријавено дека на ул.„Маршал Тито“ во Неготино, патничко моторно возило „опел астра“ со неготински регистарски ознаки, управувано од И.Р.(41) од Неготино, удрило во малолетничка од Неготино,која се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во ЈЗУ Здравствен дом „Неготино“. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Неготино.
На 29.12.2023 во 08.20 часот било пријавено дека на кружен тек од ул.„Никола Минчев“ и ул.„Вељко Влаховиќ“ во Кавадарци, патничко моторно возило „шевролет“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Г.Р.(54) од Кавадарци, удрило во велосипед управуван од Е.Б.(47) од Кавадарци. Во несреќата Е.Б. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница Кавадарци. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Кавадарци.
На 29.12.2023 во 13.00 часот било пријавено дека во Скопје на крстосницата од бул.„Борис Трајковски“, ул.„Есенинова“ и ул.„Иван Козаров“ патничко моторно возило „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки управувано од И.С.(34) од с.Цветово,скопско удрило во Л.Д.(68) од с.Морани,скопско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.
