
НЕКОЛКУ МИЛЈАРДЕРИ ИМААТ ПОВЕЌЕ КЕШ ОД АМЕРИКАНСКИОТ ТРЕЗОР: Некои вредат и многу повеќе
Нивото на готовина во американското Министерство за финансии
паѓа на опасно ниско ниво. До крајот
на мај во американскиот трезор имаше само 38,8 милијарди долари во
готовина, покажуваат најновите
федерални податоци. Тоа е помалку од околу 200 милијарди долари претходно овој
месец и се приближува до минималното ниво од 30 милијарди долари.
Од друга страна
пак, важно е да се забележи дека дури 31 од светските милијардери вредат
повеќе од 38,8 милијарди долари во готовина што ги има федералната влада,
покажува индексот на милијардери на Блумберг, наведува Си-Ен-Ен.
Некои од нив, како модниот магнат Бернард Арно, вредат многу
повеќе. Арно, претседател на компанијата за луксузни стоки LVMH, има проценета
нето вредност од 193 милијарди долари. Милијардерот на Tesla, Илон Маск, вреди
185 милијарди долари, а основачот на Amazon, Џеф Безос има нето богатство од
144 милијарди долари.
На списокот од 31 милијардер кои вредат повеќе од вкупната
сума во американскиот трезор се
Мајкл Дел, легендарниот инвеститор Ворен Бафет и ко-основачот на Фејсбук Марк
Цукерберг, како и милијардери од понизок профил како францускиот милијардер
Франсоа Пино и претседателот на Шанел, Ален Вертхајмер.
ФОТО: EPA