Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 НЕКОЛКУ ДУЌАНИ ОД ГТЦ СЕ ПРОДАВААТ ПРЕКУ БАНКИТЕ: Дали некогашното „свртилиште“ на Скопјани го губи „шмекот“?
Економија

НЕКОЛКУ ДУЌАНИ ОД ГТЦ СЕ ПРОДАВААТ ПРЕКУ БАНКИТЕ: Дали некогашното „свртилиште“ на Скопјани го губи „шмекот“?

10/08/2023

AA

Домашните
комерцијални банки нудат различен имот на продажба кој останал во нивна
сопственост, најчесто поради ненаваремно исплаќање на рати за кредити. Од
станови, куќи до дуќани, но и разни производствени погони. Изборот е голем, но
се забележува оти банките на продажба нудат неколку имоти кои се во рамки на
Градскиот трговски центар во Скопје.

Имено,
„чешлањето“ на листите на банките за имотот кој го продаваат се забележува дека
најмалку три банки во земајва имаат дуќани од ГТЦ кои се продаваат.

Притоа, Стопанска
банка Битола, нуди дури три локации, поточно три дуќани од ГТЦ на продажба.
Станува збор за дуќан со 362 метри квадратни, потоа за уште еден дуќан со
квадратура од 211 метри, и трет дуќан од 241 метри квадратни. 

Деталите за оваа
понуда може да ја видите на следниов линк.

Но, тука не
завршува понудата на дуќани во ГТЦ кои може да ги купите. Напротив има уште два
објекти кои ги пронајдовме во нашите банки и кои одат на продажба преку
банките.

Еден таков објект
е деловен просотр во ГТЦ, во центарот на Скопје, кој го продава НЛБ Банка.
Вкупната површина на овој дуќан изнесува 198 метри квадартни, а неговата намена
била продавница за електрична апарати, но моментално е прзаен
. Деталите за овој
простор исто така може да се прочитаат на веб странта на банката (линк).

Уште еден објект
од ГТЦ се продава преку нашите комерцијални банки. Станува збор за деловен
простор кој е значително помал, и опфаќа само 10 метри квадратни.
Овој објект
го продава Комерцијална банка, а деталите за него, и за другите објекти кои ги
продаваат на следниов линк.

Продажбата на
недвижнини преку комерцијалните банки не е новина, и недвижностите кои се
продаваат обично не одат како „алва“. Познавачите велат дека тоа е имот кој
потешко се продава, и некогаш се потребни години за објектите да добијат нови
газди.

Од друга страна,
Фактор редовно објавува детали за состојбата на ГТЦ, акционерско друштво во
државна сопственост дури три години нижеше загуби во работењето. Фактор објави
на крајот на месец мај дека лани имале загуба од 646 илјади евра.

Сепак, по
неколкугодишните извештаи за големи загуби кои ги направи оваа компанија,
бројките за првото полугодии се попозитивни, и покажуваат дека ГТЦ работи со профит.

Иако сопственоста
на дуќаните не е поврзана со работењето на ГТЦ, односно дел од дуќаните во овој
трговски центар се приватизирани, а дел се во сопственост на акционерското
друштво кое управува со трговскиот и се изнајмуваат, сепак, празните дуќани,
како и фактот дека дел од нив се продаваат преку банките, упатува на тоа дека
некогашното свртилиште на Скопјани веќе не работи со „полн капацитет“.

Акционерското друштво
склучува договори со соспствениците на деловен простор за уредување на односите
и за користење и одржување на заедничките делови на ГТЦ.

Сепак, жалбите
дека објектот не се одржува не престануваат. Скопјани се жалат дека некогашниот
симбол на модерното живеење во главниот град го губи „сјајот“ и дека е потребно
посериозен пристап кон овој наш симобл, со цел да се врати неговиот некогашен
изглед, и да се зголемат посетителите, што би придонело за поголема
рентабилност на дуќаните.

П.О. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy