НЕКОИ УШТЕ СЕ ТЕПААТ АКО ИМ ЈА ПОГЛЕДНЕТЕ ЖЕНАТА – еве што се случило на аеродромот во Приштина
Дали верувате дека некој сеуште е подготвен да се степа ако друг му ја погледне жената.
На аеродромот „Адем Јашари“ во Приштина вчера се случила тепачка во која учествувале повеќе лица, објави РТВ Дукаџини на својата Фејсбук страница.
Како што пренесува indeksonline.net, причина за тепачката е тоа што некој погледнал во нечија сопруга при чекирањето.
– Зошто ја погледна мојата сопруга при чекирањето? – била реченицата која довела до масовната тепачка во која две лица се повредени.
Полицијата соопшти дека седум лица осомничени дека се вмешани во овој инцидент се приведени во полициската станица во Липјан.