Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „Некој ми подаде рака и ме спаси од најлошото“ – Сведоштва на дел од лицата кои беа кобната ноќ во „Пулс“
Македонија

„Некој ми подаде рака и ме спаси од најлошото“ – Сведоштва на дел од лицата кои беа кобната ноќ во „Пулс“

28/04/2025

AA

Дел од тимот на Support Kocani денеска беа во студото на ТВ21 во емисијата „Дејли Клик“ на ТВ21, каде разговараа за кобната ноќ во дискотеката „Пулс“ и како успеале да се спасат.

Дарио Трифунов, Мартин Розин Сопков, Љубомир Игнатов, Бојан Манасиев ги кажаа своите сведоштва.

Игнатов вели дека животот му се дели на два дела, пред и после трагедијата.

„Животот во Кочани ќе се дели до трагедијата, и после трагедијата. Добри емоции не може да имаме, и сега на некој начин имаме микс чувство, за едни кои се враќаат дома и закрепнуваат се радуваш, за други кои ги загубија животите тагуваш. Ќе ни остави белег, мислам дека секој кој го почувствувал тој хаос, ќе се соочи со тоа до крајот на живот, нема никогаш да биде заборавени“, рече Игнатов.

„Јас, Бојан и Дарио бевме заедно на иста маса, со повреди не се здобивме, но целата помош наша беше за транспортот на повредените лица, ние дадовме се што можеме, Љубомир имаше малку повреда“, изјави Розин Сопков.

Игнатов додаде и дека бил заглавен во стампедо, и дека некој успеал да го спаси, но и натаму не знае кој успеал да го извлече од таа гужва.

„Имав изгореница само на лицето, внатрешниот систем респираторен ми беше чист, бев заглавен во стампедо. Во еден момент изгубив свест, некој ме извлече, сакам да знам кој, не сум свесен кој ме извлече. Ми требаше мал период после оваа трагедија да се вратам во нормала, но како што реков оваа трагедија ќе остави белег до крајот на животот“, изјави Игнатов.

Бојан Манасиев рече дека имал среќа што бил на влезот од дискотеката, па успеал брзо да излезе, и да биде без повреди.

„Бевме сите заедно на влезот, и имавме голема среќа да излеземе без повреди. Чувствуваме и ќе чувствуваме тага за починатите, сето тоа се млади живот кои не требаше така да згаснат“, рече Манасиев.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

СТОЧАРИТЕ ПРЕД ВЛАДА: Ако нема субвенции, на 26 декември ја

22/12/2025
Македонија

ПОПЛАДНЕВО ЗА ГРЦИЈА САМО ПРЕКУ ДОЈРАН Се очекува протестите да

22/12/2025
Македонија

Анита Тополова-Исајловска е нова в.д. државна јавна обвинителка

22/12/2025
Македонија

Фрчкоски до ВМРО-ДПМНЕ: Ја презедов одговорноста за минатото, борбата сега

22/12/2025
Македонија

Скопје диши почист воздух: Утрово сме на 57-то место по

22/12/2025
Македонија

АМБАСАДОРКАТА АГЕЛЕР ЗАМИНУВА ОД МАКЕДОНИЈА Трамп менува 30 амбасадори вклучително

22/12/2025
Македонија

„Чистка“ во Стејт Департментот: Трамп повлекува 30 кариерни амбасадори –

22/12/2025
Македонија

Празен трон во Обвинителството: Денес се бира наследникот на Коцевски

22/12/2025
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 39283
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

СТОЧАРИТЕ ПРЕД ВЛАДА: Ако нема субвенции, на 26 декември ја блокираме цела држава со трактори!

22/12/2025

Претставници на Сојузот на одгледувачи на овци и Конфедерацијата на слободни синдикати (КСОМ) денеска излегоа на протест пред Владата, порачувајќи

ПОПЛАДНЕВО ЗА ГРЦИЈА САМО ПРЕКУ ДОЈРАН Се очекува протестите да олабават од утре натаму

22/12/2025

Денеска од 17 часот (по македонско време) грчките гранични премини Евзони и Ники кон нашата земја, ќе бидат затворени на

Анита Тополова-Исајловска е нова в.д. државна јавна обвинителка

22/12/2025

Советот на јавни обвинители денеска едногласно ја избра Анита Тополова-Исајловска за вршител на должноста (в.д.) државен јавен обвинител. Според информациите,

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy