
„Нека тужи“: Филипче вели дека нема намера да му се извини на Деспотовски!
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче денеска, по новинарско прашање за реакцијата на Јован Деспотовски, истакна дека нема намера никому да се извини.
„Немам намера никому да му се извинам, а кој сака да тужи – нека тужи“, рече Филипче.
Тој додаде дека сите тие што го критикуваат се уценети или купени.
„Се приклучија на најновата хајка против СДСМ, наместо да се обидат да ги решаваат работите внатре во партиските структури“, рече Филипче.
Тој ги повтори познатите тврдења дека против неговата партија се води хајка, односно организирана кампања, од власта преку „владини медиуми“, но и посебно се пожали зошто новинарските здружение и синдикат – ЗНМ и ССНМ го напаѓаат, а не се ставаат во одбрана на „слободата на говорот“.
