Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 НЕГОВИТЕ МАРКЕТИ ПРАВАТ ГОДИШЕН ОБРТ ОД 100 МИЛИОНИ ЕВРА – како го стекнал богатството, Тодоровиќ ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор
Економија

НЕГОВИТЕ МАРКЕТИ ПРАВАТ ГОДИШЕН ОБРТ ОД 100 МИЛИОНИ ЕВРА – како го стекнал богатството, Тодоровиќ ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

12/04/2024

AA

Владимир Тодоровиќ, познат како сопственик на синџирот маркети „Тинекс“, кои беа меѓу првите модерни и достапни маркети за граѓаните и своевиден симбол на приватната иницијатива во земјава, а сега нивната бројка достигнува 40, не се имаше појавено во јавноста речиси 11 до 12 години. 

Порталот Фактор преку својот подкаст „Бизнис муабети“ со познатиот водител Мишко Иванов, за Вас почитувани читатели, обезбедува разговор со овој познат бизнисмен, кој своевремено се испроба и во политиката, како градоначалник на најпрестижната скопска општина Центар. 

Иванов го прашува Тодоровиќ за неговите почетоци во професионалниот живот, кога своевремено работел како градежен инжинер, за богатството, како го стекнал, за тоа дали има милијардери во Македонија, како и серија други интересни прашања околу неговиот професионален, но и личен живот. 

„Колку пари се вртат на дневно или на месечно ниво во вашата компанија“, прашува новинарот Мишко Иванов.

„Ќе згрешам, бидејќи јас веќе оперативно не сум толку вклучен и не ги знам точно бројките. Ако прометот е околу 100 милиони евра на годишно ниво, не знам колку би било дневно или годишно. Овде се мисли на сите 40 маркети на ‚Тинекс’“, вели Тодоровиќ. 

Дали кога ќе се стигне до заработувачка од еден милион евра, станува полесно, прашува Иванов. 

„Кога ме прашуваат дали јас треба да имам 20 маркети, или 50 или 100, јас одговарам дека никогаш немам поставено праг колку маркети би требало да имам. Не поради тоа што тоа би требало да има лимит, туку дека пазарот е таков, каде што се борите за егзистенција“, одговара Тодровиќ.

На прашањето дали има милијардери во Македонија, Тодоровиќ вели дека во тоа не верува. 

Целиот подкаст можете да го погледнете тука, не пропуштајте.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy