
Негативен рекорд на Шефилд Јунајтед – 51 примен гол на домашен терен
Денеска на домашен терен, тимот загуби од Барнли со 1-4 и остана на само 16 бода оваа сезона. Меѓу другото, ја проби границата од 50 примени гола на својот стадион оваа сезона (стигна до вкупно 51) со што стана првиот тим во историјата на Премиер лигата, сметано од 1992 година, кој ја достигнал оваа бројка. Таа може да биде уште поголема ако се знае дека до крајот на сезоната, Шефилд Јунајтед игра на домашен терен уште против Нотингем Форест и Тотнем.
Апсолутен рекордер во историјата на елитната конкуренција во англискиот фудбал е Астон Вила која во 1936 година оримила 56 гола на домашен терен.
