Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 НЕДОЗВОЛИВО ТАРГЕТИРАЊЕ МЕДИУМИ И НОВИНАРИ Новинарските здруженија со остра реакција на пресот на Филипче
Македонија

НЕДОЗВОЛИВО ТАРГЕТИРАЊЕ МЕДИУМИ И НОВИНАРИ Новинарските здруженија со остра реакција на пресот на Филипче

15/04/2026

AA

Здружението на новинари на Македонија и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници реагираат по денешната јавна изјава на претседателот на СДСМ, Венко Филипче, упатена кон новинар од ТВ Алфа.

„Сметаме дека е недозволиво и непримерно за претседател на политичка партија јавно да упатува тешки обвинувања за корупција проследена со реторика на дискредитирање кон новинари и медиуми. Oва не е изолиран случај, туку загрижувачка пракса во која политички субјекти сè почесто се обидуваат да поттикнат кампањи и наративи за оцрнување кон поединечни новинари и редакции.

Медиумите не смеат да се користат како средство во партиска политичка пресметка. Префрлањето вина кон новинари и редакции, како и нивно јавно етикетирање, не е демократски однос кон слободата на изразување и улогата на медиумите во општеството.

Доколку било кој чинител во општеството има сериозни сомнежи за незаконитости пропусти за работењето на поедини медиуми, тие треба да се адресираат пред надлежните институции и преку законски процедури, а не преку јавни политички кампањи против конкретни новинари и медиуми.

Во спротивно, политичките чинители ја намалуваат довербата кон медиумите преку своите вакви постапки, а тоа не е во духот на вредностите за кои треба да се залагаат. Ги повикуваме сите политички партии во иднина да се воздржат од јавни изјави што можат да поттикнат притисок, дискредитација или недоверба кон новинарите и медиумските работници.

Меѓународните стандарди јасно укажуваат дека политичарите и јавните функционери треба да покажат повисоко ниво на толеранција кон медиумско известување и да не користат понижувачки јазик кон новинарите“- се вели во заедничката реакција на ЗНМ и ССНМ.

Новинарските здруженија најавуваат дека ќе продолжат внимателно да ги следат ваквите случаи и јавно да реагираат секогаш кога новинари и медиуми ќе бидат изложени на политички притисок или јавно таргетирање.

 

ФИЛИПЧЕ ПРЕТЕРА СО НАПАДИ ВРЗ МЕДИУМИ, НА УДАР ТЕЛЕВИЗИЈА АЛФА Новинари бараат да реагира јавниот обвинител

 

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

86 годишен татко и неговиот 60 годишен син од Гостивар

12/08/2026
Македонија

Прогласена епидемија од западнонилска треска во Кисела Вода, Илинден, Гази

12/08/2026
Македонија

Доаѓа невреме во Македонија проследено со пороен дожд, грмежи и

12/08/2026
Македонија

Рударите заработуваат над 1.000 евра, но Македонија има сè помалку

12/08/2026
Македонија

Градежни вештаци денеска пред судот за трагедијата „Пулс“

12/08/2026
Македонија

Се трага по Љупчо Стојановски, апел за помош

11/08/2026
Македонија

Песна генерирана со AI над 100 пати била емитувана минатата

11/08/2026
Македонија

Кои затвореници беа помилувани од претседателката за „Илинден“?

11/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44975
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

86 годишен татко и неговиот 60 годишен син од Гостивар приведени откако се обиделе да

12/08/2026

Полициски службеници во Гостивар вчера околу 13:30 часот го лишиле од слобода 86-годишниот Т.С. и неговиот 60-годишен син М.С. од

Прогласена епидемија од западнонилска треска во Кисела Вода, Илинден, Гази Баба и Бутел

12/08/2026

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) и Центарот за јавно здравје Скопје официјално прогласија епидемија на Западнонилска треска во повеќе општини

Доаѓа невреме во Македонија проследено со пороен дожд, грмежи и локално невреме

12/08/2026

Утре и во петок наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy