
Неделно сонце и бела снежна прекривка, со топол чај во раката: Почеток на сезоната во ски центарот Копанки!
Почнува сезоната во ски центарот Копанки.
Од таму ги повикуваат граѓаните да ги посетат, а истите ќе можат да скијаат бесплатно од 9 до 15 часот.
„Почитувани љубители на скијачките зимски спортови, сакаме да Ве известиме дека утре (17.12.2023) Недела, СКИ ЦЕНТАР КОПАНКИ ги кани сите оние коишто сакаат да уживаат на сонце и бела снежна прекривка, со топол чај во раката. Да ја започнеме убаво сезоната, сите посетители ќе можат да скијаат БЕСПЛАТНО од 09 – 15 часот. (Ве информираме дека на дел од ски патеката не се создадени максимални услови за скиење.
Ве молиме за прилагодување на условите на скијалиштето за Ваша безбедност.)“, велат од таму.