Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Неделен хороскоп: Близнаците можат да очекуваат просперитет на работа
Магазин

Неделен хороскоп: Близнаците можат да очекуваат просперитет на работа

22/04/2025

AA

Дознајте што предвидува вашиот неделен хороскоп за оваа недела на работното место, во љубовта и дали ќе се сложувате со семејството.

Овен (21.3 – 20.4)

Работа: Следејќи го својот пат ќе дојдете до фаза кога треба да бидете на услуга на другите. Токму ваквата доблесна особина ќе дојде до израз овие денови и тоа најмногу зашто состојбата ќе се равие во таква насока. Ќе им помогнете на многумина околу себе.

Љубов: Вашата потреба за сигурност ќе биде силна речиси целата оваа недела. Затоа многумина ќе се согласат и на компромиси. Сепак, во длабочината на душата ќе зачувате некои свои желби и нема да се откажете од нив. само нема да ги покажувате. Ќе имате верба во иднината.

Здравје: Ќе ви недостига енергија. Штедете се.

Бик (21.4 – 21.5)

Работа: Успехот ќе ви биде на дофат, но кога малку подобро ќе размислите, ќе сфатите дека на сето тоа му недостига вистинска содржина. Однадвор сјај, одвнатре празнина.

Љубов: Некои ќе заминат на пократко патување или на излет , што би можел да им остане во незаборавно сеќавање и убав спомен. Други ќе дочекуваат роднини кои ќе ги поврзат со личност за која искрено ќе се заинтересираат. Сите ќе бидат меѓу луѓе и насмеани.

Здравје: Дефинирајте ги своите критериуми.

Близнаци (22.5 – 21.6)

Работа: Ќе барате нешто, а ни самите нема да бидете сигурни што е тоа. Поради тоа повремено ќе делувате збунето, како себеси, така и на колегите. Застанете и размислете кои се вашите деловни цели и приоритети.

Љубов: Следните денови ќе имате бројни шанси за да ги подобрите односите со луѓето околу себе. Со малку поголема отвореност, се ќе излезе на подобро. Ваше е да се потрудите.

Здравје: Не заборавајте да се опуштите.

Рак (22.6 – 22.7)

Работа: Прегледот на минатиот период ви буди надеж во другите, но не ја подигнува вашата лична самодоверба. Сепак , овие денови ќе имате шанси за повеќе да се покажете и да ги докажете своите работни способности. Затоа не се двоумете, туку засукајте ги ракавите и работете.

Љубов: Деновиве нема да дојде до значајна промена во вашите лични односи. Ќе имате навистина доволно мотивации, а особено за комуникација, па многумина со зборови ќе надоместиваат она што им недостиганна емотивен план. Ќе успаеат во тоа.

Здравје: Почнете да спортувате.

Лав (23.7 – 22.8)

Работа: Пред вас се предизвици на креативност и храброст. Само со примена на такви вештини можете да успеете. Повлеченост или механичко одработување моментално не ви се добро поставени. Клучот на успехот за вас се наоѓа во прифаќање на предизвиците.

Љубов: Малку нов поттик во вашиот љубовен живот ќе ја освежи вашата врска. Затоа дајте сѐ од себе за да осигурате квалитетен однос со личноста која ви се допаѓа. Ќе има малку нервоза и недоразбирања , но не им придавајте значење.

Здравје: Најдете содржини што ви се допаѓаат.

Девица (23.8 – 22,9)

Работа: Се што ќе работите некако ќе оди во сенка. Сепак, поради тоа што сте свесни за своите претходни успеси, тоа што сега не сте во прв план , нема да ви пречи како што се случувало претходно. Не може сите коцкички во исто време да си дојдат на свое место.

Љубов: Без оглед на секогаш неповолните љубовни околности, вие ќе бидете оптимист. Затоа нема да бидете сами , туку ќе излегувате меѓу луѓе. Ќе бидете одлично прифатени поради позитивниот став. Така со сопственото однесување ќе си го подобрите интимниот живот.

Здравје: Имајте трпение во секој аспект од животот.

Вага (23.9 – 22.10)

Работа: Чекате други да дадат свое мислење за она што сте го сработиле со своите соработници. Тие ќе ве поддржат, а вие самите од себе ќе барате уште повеќе. Понекогаш вашите очекувања ќе бидат нереално високи. Бидете пореални и пољубезни.

Љубов: Саканата личност ќе зрачи многу повеќе од вас , па слободно препуштете и да ве води. Таа овие денови значително подобро ќе го осмисли вашето слободно време, отколку вас самите. Препуштете и се со доверба. Бидете како дете и уживајте во животот.

Здравје: Внимавајте на квалитетот на исхраната.

Скорпија (23.10 – 22.11)

Работа: Веројатно ќе имате зголемен обем на обврски, но бидејќи нивниот карактер во најголем дел ви е интересен, нема да ви биде тешко да работите. Проблемот ќе биде во недостиг на енергија, па подгответе подобар план и штедете си ја силата.

Љубов: Оние кои се во врска ќе се трудат уште повеќе да го зацврстат односот со саканата личност. Ќе ,,поработат” уште некои мали правила што ќе бидат основа за постабилни критериуми во меѓусебните односи. Оние кои уште се сами, нема премногу да излегуваат, но ќе бидат добро.

Здравје: Расте вашиот интерес за грижа за здравјето. Наспијте се.

Стрелец (23.11 – 21.12)

Работа: Можеби се уште чекате одговори на некои прашања. Како што тие засега изостануваат, ќе мора да се снајдете со она што го знаете и имате. Тоа за вас нема да биде голем проблем, но ќе има такви кои и натаму ќе треба да ги обучувате. Помогнете им со своето знаење.

Љубов: Се наоѓате во интересен љубовен период , во кој нема да недостига страст, како ниту опуштеност во односите со личноста која ја сакате. Некои со задоволство ќе излегуваат со пријатели. Главно, малкумина се оние кои ќе бидат сами. И тие ќе излегуваат меѓу луѓе.

Здравје: Потпрете се на блиските за да се чувствувате пријатно.

Јарец (22.12 – 20.1)

Работа: Можно е да излезе на виделина нешто што долго се очекувало. Тоа ќе предизвика нови поттици за вас и ќе ја придвижи работата во нова насока. Сите ќе се прилагодуваат. Вие ќе бидете личност од доверба. На некои ќе им бидете пример како треба да се работи.

Љубов: Наредните денови ќе дојде до постепено подобрување на вашиот интимен живот. Луѓето повторно ќе станат поотворени кон вас и обратно. Многумина својата врска ќе ја обноват со излегување на некое убаво место. Осамените повторно ќе се разбудат и ќе излезат од дома.

Здравје: Ќе истражувате се околу себе.

Водолија (21.1 – 19.2)

Работа: Ќе има уште некои мали борби чиј резултати ќе зависат од вашата способност за соработка со другите. Ќе треба малку трпение, а тоа ќе ве нервира. Од вас зависи како ќе се носите со барањата што ви се доставени. Бидете професионални.

Љубов: Богатството кое сега го живеете ќе се рефлектира на вашите лични односи на различни начини. Можете да бегате, можете да истрпите, може иронично да се смеете. Веројатно вие ќе ги поминете сите такви реакции, а силата ќе ја црпите од љубовта и меѓусебната доверба.

Здравје: Не може ништо да се постигне со сила.

Риби (20.2 – 20.3)

Работа: Конечно некои други ќе се придвижат. Информациите што веќе некое време ги очекувавте од нив , ќе стигнат. Тоа ќе расчисти некои дилеми во оперативното ниво на работата, па ќе почнете да работите полесно, појасно и ќе се знае што е чија задача.

Љубов: Убедливоста со која ќе зрачите ќе ги привлекува дури и оние на кои не им се допаѓате. Ако барате сродна душа и уште сте сами , потпрете се во целост на вашата самодоверба. Дури и ако на почетокот не оди се како подмачкано, работите ќе се развиваат во ваша корист.

Здравје: Некои ќе уживаат со пријателите.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy