Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Неделава ќе биде готов извештајот на работната група за пензиите – нема да има линеарно зголемување, не им одело во прилог на сите пензионери!
Македонија

Неделава ќе биде готов извештајот на работната група за пензиите – нема да има линеарно зголемување, не им одело во прилог на сите пензионери!

03/10/2023

AA

Оваа недела се очекува да биде готов извештајот на работната група за пензиите. Во мерките што ќе бидат донесени, како што изјави денеска министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, не е предвидено линеарно зголемување на пензиите, затоа што, како што рече, мора да се води сметка за стабилноста на пензискиот систем.

– Очекувам оваа недела да биде доставен извештајот на работната група којшто ќе биде доставен до Владата за сите заедно да одлучиме кои мерки дополнително ќе бидат донесени во новиот пакет на антикризни мерки. Меѓу тие мерки нема линеарно зголемување затоа што линеарното зголемување не им оди во прилог на сите пензионери. Со новата методологија, само за година и пол, најниската пензија е зголемена за речиси 2.200 денари, а согласно растот на пензиите, и понатаму ќе се применува новата методологија и ќе се оди со она што е законско решение сега во моментот. Ќе имаме мерки што ќе значат дополнителен приход, финансиска поддршка на пензионерите, меѓутоа ќе бидат опфатени оние пензионери кои се со ниски пензии и кои се во најранливата категорија, изјави Тренчевска по посетата на градинката „13 Ноември“ по повод Денот на детето.

Тренчевска рече дека како Влада остануваат отворени за разговор со пензионерите, но дека не се согласува со линеарно зголемување на пензиите како што бараат пензионерите поради стабилноста на пензискиот систем.

– Секое нереално покачување на пензијата и секое нереално трошење на средствата во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување значи дека ќе ги доведеме во несигурност исплатата на пензиите на сите 336.000 пензионери. Ниту како Влада, ниту како министерка за труд и социјална политика нема да дозволам да се наруши стабилноста на Пензискиот фонд. Од 2017 година наваму работиме на зголемување на приходите во Фондот за пензиско и тоа го покажуваме со намалување на дефицитот којшто во 2017 беше околу 47 проценти, а сега е намален на 33 проценти, истакна Тренчевска.

Посочи дека за година и полoвина пензиите се зголемени за 24 проценти од јануари лани согласно усогласувањето со животните трошоци.

– Јас не велам дека ниските пензии се доволни. Меѓутоа, со финансиска поддршка без да се доведе во прашање стабилноста на пензискиот систем ќе креираме мерки со коишто ќе донесеме повеќе средства на трансакциските сметки на пензионерите особено на оние со ниски пензии. Методологијата дава одлични резултати затоа што од 1 јануари 2022 година кога минималната пензија беше 10.487 денари вчера најниската пензија се исплати во висина од 13.200. Значи, пензијата е зголемена за повеќе од 3.000 денари само за година и пол, рече Тренчевска.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy