Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 НЕДЕЛА НЕРАБОТЕН ДЕН: Дали треба да остане неработен?
Економија

НЕДЕЛА НЕРАБОТЕН ДЕН: Дали треба да остане неработен?

23/12/2024

AA

Не треба да се укине „недела неработен ден“, но некои дејности треба да се ослободат, вели министерот за економија и труд Бесар Дурмиши.

Дурмиши, во неделното интервју на Радио Слободна Европа, посочува дека не очекува манипулации со новогодишната кошничка, а слична мерка најавува и за Рамазан и Велигден, како и дека зголемување на границата за пензионирање не се предвидува.

Во однос на препораките од Фискалниот совет и Светска банка за зголемување на старосната граница за пензионирање и кој е неговиот став, Дурмиши посочува дека согласно реорганизацијата на институциите, надлежноста на трудот доаѓа кај Министерство за економија и труд, но надлежностите за пензиите се на Министерството за социјална политика, демографија и млади.

-Јас на прашањето, како член на Владата би го повторил ставот на премиерот дека не е предвидено зголемување на старосната граница за пензионирање. Но, да ве известам дека, како што знам, се прават анализи за реформа на пензискиот систем, изјави Дурмиши.

Прашан дали е можно да се исполни барањето на синдикатите минималната плата да се зголеми на 450 евра, Дурмиши вели дека синдикатите бараат да се зголеми минималната, но од друга страна ги имаме и работодавците кои се против зголемување на секоја вредност на минималната плата додека не се зголеми продуктивноста.

-Ние како Влада сме го отвориле како тема во рамки на Економско-социјалниот совет и сме оставиле тие да се усогласат. Како што се усогласени за Законот и правилата како да се зголемува минималната плата во март секоја година, пак ќе ги оставиме да се усогласат. Секоја одлука која ќе ја донесат работодавците и синдикатите, ние им стоиме на располагање и ќе ги поддржиме. Треба да се видат сите засегнати страни, треба да се видат и работодавците, на крај на краиштата тие се оние што ги отвораат работните места. Тие имаат барање да се зголеми прво продуктивноста, а потоа да се зголеми минималната плата. Во предлог-буџетот за 2025 година има предвидено средства да се зголеми минималната плата. На крајот на месец февруари, кога ќе ги земеме крајните податоци ќе ги направиме анализите и ќе видиме колку ќе дојде тоа зголемување на минималната плата. Според податоците што ги имаме досега, до 11 месеци, минималната плата ќе биде околу 24.400 денари, изјави Дурмиши.

Прашан дали во Економско-социјалниот совет разговарате и за ревизија на законското решение за „недела неработен ден“, Дурмиши вели дека и тука има спротивставени страни.

-Работодавачите бараат да се укине „недела неработен ден“, но од друга страна ги имаме синдикатите кои бараат да остане така како што е. Одредени дејности на занаетчии, од коморите итн., бараат одредени дејности ние да ги ослободиме од недела да биде неработен ден. Така што, оваа тема се отвора во рамки на Економско-социјалниот совет. Секој месец се одржува по една седница и ќе видиме кои дејности треба да ги ослободиме за да може да ги вршат своите задачи и да имаат повеќе производи, изјави Дурмиши.

Како министер, тој посочува дека одредени дејности во насока на работата треба да се ослободат за да може во недела да работат, но не да се укине целосно „недела неработен ден“.

-Да остане така како што е, но одредени дејности да ги ослободиме да може да работат. Да направиме некои измени, изјави Дурмиши.

Прашан за акцијата Новогодишна кошничка, Дурмиши вели, дека се почитува и е применлива.

–  Според податоците што ги имавме од есенската кошница каде ги замрзнувавме цените на 10% на трговија на мало и на големо, таму беа опфатени околу 73 одредени групи на производи, таа мерка ги даде своите резултати. Сега имаме друг вид на мерка која сами ја нудат трговците, производителите и дистрибутерите. На 5 декември кога беше најавена оваа мерка, ние до тогаш имавме повеќе од 10 состаноци и беа опфатени 675 производи од 58 трговци. Сега додека зборуваме, уште повеќе се надополнуваше таа бројка. Стигна до 1.068 и кошницата е отворена до 15 јануари…. Овие акции се акции каде во временски период кога се празниците, ние како Влада задно со бизнис комората излегуваме во пресрет на граѓаните за подобрување на животниот стандард и намалување на цените. Нормално дека ќе има и понатаму, како што е рамазанската, велигденската кошничка итн, посочува Дурмиши. 

Фото:МИА

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Почина Исмаил Бојда, почесен претседател на Сојузот на Македонците со

01/08/2026
Македонија

Жена не може да оди по породување со царски рез

01/08/2026
Македонија

Пеколно утро во Македонија – УХМР соопшти каде е најтопло

01/08/2026
Македонија

Лишени од слобода тројца криумчари, одземени две возила и стока

01/08/2026
Македонија

Гужви на границите, за излез на граничниот премин Богородица се

01/08/2026
Македонија

Владата прогласи 30-дневна кризна состојба поради опасност од пожари

31/07/2026
Македонија

Мицкоски: Кој најавил дека ќе се укине вториот столб?

31/07/2026
Македонија

Цените на становите уриваат рекорди: Квадрат во Центар достигна 3.360

31/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44793
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Почина Исмаил Бојда, почесен претседател на Сојузот на Македонците со исламска религија

01/08/2026

На 72-годишна возраст, во Скопје, почина Исмаил Бојда, почесен претседател на Сојузот на Македонците со исламска религија (СМИР). Веста ја

Жена не може да оди по породување со царски рез во штипската болница, најавена вонредна

01/08/2026

Министерството за здравство најави вонредна инспекција во Клиничката болница во Штип, откако 19-годишна пациентка останала со тешки невролошки последици по

Пеколно утро во Македонија – УХМР соопшти каде е најтопло

01/08/2026

Управата за хидрометеоролошки работи соопшти дека во 8 часот утрово највисоката утринска температура е измерена во Кавадарци, каде што живата

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy