Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Недела на турската кујна – вековна традиција и изобилство од вкусови и бои
Македонија

Недела на турската кујна – вековна традиција и изобилство од вкусови и бои

23/05/2025

AA

Од 21 до 27 мај се одбележува Неделата на турската кујна, позната по својата разновидност и спој на различни вкусови и кулинарски традиции. Безвременските класични турски јадења, кои се пренесуваат низ генерации, се значаен дел од богатото кулинарско наследство, кое е симбол на турската култура. Како нераскинлив дел од традицијата на земјата, класичната турска кујна е одраз и на познатото турско гостопримство, љубезност и заедништво.

Турската кујна е препознатлива и по едноставните техники на готвење, како и по големата регионална разновидност. Од јадењата на егејското крајбрежје на база на маслиново масло, до смелите специјалитети на југоистокот преполни со зачини и кујната богата со морски плодови на Црното Море, секоја провинција од вкупно 81, има свои интерпретации на одредени јадења. Ваквото богатство на рецепти, методи на готвење и неверојатни вкусови се одбележува секоја година, за време на Неделата на турската кујна.

Во бројните вкусни класични турски јадења се вбројуваат крем-супата од леќа, супа од тарана, имамбајалди – модри патлиџани со фил од кромид и домати, манти – турски кнедли, бурек со месо, сирење или компири, понатаму, карнијарик – преполовен модар патлиџан полнет со мелено месо, чачик – турската верзија на таратор, како и чорба од бел грав и различни видови сарма. Неизоставен дел од менито што го сочинуваат традиционалните турски специјалитети се и освежителните салати бостана и чобан, разновидните овошни компоти и многу вкусни турски десерти, како што се тавукгогсу -пудинг од пилешки гради, казандиби – карамелизиран млечен пудинг и познатата баклава.

Богатото кулинарско наследство на Туркије, преку различните вкусови и мириси, ја раскажува долгата и богата историја на земјата и културната размена, која со векови се случувала на овие простори.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy