
Недановски: Рајн-Некар играше брз ракомет, а ние не издржавме до крај!
Вардар беше рамноправен противник во првите 30 минути (14-14), но потоа се распадна на паркетот и не го издржа силното темпо на бундеслигашот.
„Рајн-Некар играше 60 минути во силно темпо, а ние не издржавме до крај. Во првото полувреме бевме рамноправен противник, но по 40. минута ја загубивме главата. Знаев дека во вторите 30 минути ќе играат брз ракомет, ми беше страв дали ќе го издржиме нивното темпо и за жал не успеавме“, кажа тренерот Владо Недановски.
„Црвено-црните“ ќе се обидат да направат изненадување во Германија следната недела, а потоа ги чека меч против Пелистер во Суперкупот на Македонија.
