
Недановски: Победи помирната екипа, ние бевме многу нервозни!
Тренерот на „црвено-црните“, Владо Недановски му честиташе на противникот иако меѓу редови изрази критика на судењето на овој натпревар.
„Знаев дека ќе биде добар натпревар, да има публиката што да види. Ние го победивме Алкалоид на подготовките и два пати во текот на првенството, но денеска триумфираше екипата која беше помирна бидејќи кај нас беше евидентна нервозата. Му честитам на противникот.
Што се однесува до судењето, има кој да го коментира, но навистина е за коментирање. Ние треба да овозможиме ракометот да оди напред, а не некои надворешни фактори да решаваат кој ќе победи“, рече Недановски.
